Топ Новости
Приведени илегалци кај Моин - Сабота, 10 Октомври 2020 12:44

Корона статус: МК 594, ЦЈЗ Гевгелија 13 новозаразени, прва корона жртва во Богданци

Сабота, 17 Октомври 2020

Гевгелија го живее 83-от ден со корона позитивни меѓу своите граѓани, а денешниот извештај на Институтот за јавно здравје известува за нови 13 позитивни на вирусот во изминатото деноноќие, двајца оздравени и еден смртен случај од последици на коронавирусот кај пациент од Богданци.. Овој резултат е според доставените тестови на граѓани кои побарале здравствена дијагноза во ЦЈЗ ПЕ Гевгелија, а резултатите од анализите денеска ги испорача Министерството за здравство преку референтните лаборатории во државата.

Во истиот извештај кој ги третира резултатите на анализирани тестови за период од изминати 24 часа, утврдено е дека се регистрирани 162 оздравени пациенти од ковид-19 на ниво на држава. Од нив 2-ца се од подрачјето на општина Гевгелија.  Во болнички услови во изминатото деноноќие починати се 3 лица, пациент од Куманово (70г), од Прилеп (67г) и еден пациент од Богданци (75г)

До сега од корона на подрачјето на ЦЈЗ Гевгелија (надлежност на популацијата во Гевгелија, Богданци и Дојран) биле заразени 252 лица, од кои 122 оздравеле, со евидентиран еден смртен случај на 67 годишен пациент од Гевгелија. Во моментот активни на болеста ковид-19 во трите општини од југот се 129 лица. Вчерашниот ковид распоред по општини изнесуваше: 94 активни на корона вирусот во Гевгелија, 20 во Богданци и 8-мина во Дојран. Денешните 13 новодијагностицирани позитивни на корона територијално се распоредени на корона мапата на МК на следниот начин: 11 нови позитивни во Гевгелија, 2-ца во Богданци .

Во државни рамки ковид состојбата е загрижувачко нагорна, со детектирани 594 нови случаи на ковид-19 на направени 2.617 тестови анализи. Најголем број од заболените се во Скопје 303, второзагрозената општина со дневен број на заболени од ковид-19 е Струмица о 34 нови случаи денес, Тетово 26, Куманово 22, Прилеп 19, Битола и Кочани по 18 нови позитивни, Велес и Кичево по 17, Штип 13 (исто толку и Гевгелија), Гостивар и Струга по 12 новозаразени, Охрид 10 и уште 15 општини со едноцифрен дневен број на новозаразени со корона. Ќе го споменеме Валандово, како соседна општина со 7 случаи на нови позитивни на корона.

Досега во земјата се направени вкупно 219.158 тестирања на Ковид -19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 23.201, бројката на оздравени пациенти е 17111, на починати е 824, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 5.266 лица.

 

Last modified on Сабота, 17 Октомври 2020 - 21:40

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Same masen kuta

Misociis nulla interdum et. Cursus senectus aliquet pretium at tristique hac

Повеќе

Ukan mare tinu

Etiam vitae commodo dolor. Ut quis urna nisl. Nulla eu purus odio, at aliquet

Повеќе

Zaga tiko maze

Ceger nisl Pellentesque In id metus laoreet dignissim vel. Lacinia Sed

Повеќе

Xare makin opan

Mes pede elit nibh at risus tempus. Nulla semper ac nec sit massa In Curabitur

Повеќе

Dare makin oka

Puspen disse at libero porttitor nisi aliquet vulputate vitae at velit. Aliquam

Повеќе

Zate maki nako

Temper ac nec sit massa In Curabitur id risus sit. Non ante gravida eros quis

Повеќе

Nuka tisu mako

Duis sit amet velit quis augue sollicitudin tempus eget ut dui. Vestibulum ante

Повеќе

Seru cadin retu

Lorem ipsum dolor sit amet, consetetur sadipscing elitr, sed diam nonumy eirmod

Повеќе

Tina okun zagon

Duis sit amet velit quis augue sollicitudin tempus eget ut dui. Vestibulum ante

Повеќе

Rana casen maki

Pendisse erat dolor, dictum in interdum non, molestie at lorem. Vivamus

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.