Активни на корона се 112 лица во Гевгелија

Вторник, 20 Октомври 2020

Гевгелија 20-от октомвриски ден го живее како 85-ти ден со корона меѓу своите граѓани. Во најновиот извешта на ИЈЗ се известува за нови 2ца оздравени од заразените и заболените со ковид-19 на подрачјето на општина Гевгелија.
Бројката на оздравени се покачи на 103 лица од вкупно заразените 216 наши сограѓани до сега од почетокот на епидемијата во земјата. Еден случај заврши со смртен исход поради компликации од короната. Остануваат и понатаму активни на болеста ковид-19 уште 112 лица кои се позитивни на корона во Гевгелија.

Во регионот на надлежност на ЦЈЗ Гевгелија активни се уште 21 лице во Богданци и 8-мина во Дојран.

Во Македонија вкупната бројка на активни во моментот е 5.550 лица.

Општата слика на заболените ја пополнуват во најголем процент возрасните групи на пациенти од 60+ годишна возраст, како најризични во средбата со короната (со застапеност од 21,92%), а зад нив се генерациите од 30-39 годишна возраст со застапеност меѓу заразените со 19,05%. Трети по застапеност се возрасните групи на граѓани од 50-59 години со процент на застапеност од 18,46%.

Според половата застапеност меѓу досега 23.788 лица заразени со корона во државата позастапен е машкиот пол со 51,04%, а со само 2,08% заостануваат женските пациенти кои меѓу заразените се застапени со 48,96%. Ова е можеби слика на поголемата работна ангажираност и комуникација на машкиот пол, но средбите дома во семејството не го поштедува ниту женскиот пол, па макар било тоа домаќинка која нема контакт со надворешни лица во однос на работа и слично. Заразата не бира старост, пол, место на ширење, само непретпазливост на луѓето и нивно непридржување на мерките за спречување на ширењето на короната, макар во еден случај е доволно за зараза и ширење на истата во кругот на семејството, колегите и другите средини на движење на заразениот.

Министерот за здравство Венко Филипче алармираше на совесност од граѓаните и примена на мерките за заштита од корона, особено со фактот дека ако го исцрпиме здравствениот систем, како што укажуваат преполнетите болнички капацитети во Скопје, Струмица, Штип, Куманово, Битола, ќе немаме можност да им пружиме на сите потребен болнички третман и нега.
Гевгеличани можеби се сведоци на преполнетите болнички тротоари пред ковид центарот за земање брис во кругот на Болницата во Гевгелија, немањето термин за изведување тест поради што пациентите за своја сигурност приморани се да побараат приватни лабораториии за ковид тест, а истиот чини три пати поскапо од тестот во јавните установи.

Затоа, да ги почитуваме мерките. За болеста која не е така едноставна треба навремена терапија, уште по навремена дијагноза, а ако бранот продолжи во нагорна линија ќе нема кој да не прими во болница поради пребукираност од болни, од работа, од ограничен медицински персонал кој не може да работи секој ден по 24 часа.

Фото галерија:
Слика 1 - Вкупен број на активни во државата по општини - (жолти кругови)
Слика 2 - Вкупен број на заразени во државата по општини - (црвени кругови)
Слика 3 - Вкупен број на смртни случаи во државата распоредено по општини (сиви)
Слика 4 - Процентуална застапеност на заразени по возрасни групи
Слика 5 - Графикон за број на заразени по месеци

Last modified on Вторник, 20 Октомври 2020 - 02:41

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Same masen kuta

Misociis nulla interdum et. Cursus senectus aliquet pretium at tristique hac

Повеќе

Ukan mare tinu

Etiam vitae commodo dolor. Ut quis urna nisl. Nulla eu purus odio, at aliquet

Повеќе

Zaga tiko maze

Ceger nisl Pellentesque In id metus laoreet dignissim vel. Lacinia Sed

Повеќе

Xare makin opan

Mes pede elit nibh at risus tempus. Nulla semper ac nec sit massa In Curabitur

Повеќе

Dare makin oka

Puspen disse at libero porttitor nisi aliquet vulputate vitae at velit. Aliquam

Повеќе

Zate maki nako

Temper ac nec sit massa In Curabitur id risus sit. Non ante gravida eros quis

Повеќе

Nuka tisu mako

Duis sit amet velit quis augue sollicitudin tempus eget ut dui. Vestibulum ante

Повеќе

Seru cadin retu

Lorem ipsum dolor sit amet, consetetur sadipscing elitr, sed diam nonumy eirmod

Повеќе

Tina okun zagon

Duis sit amet velit quis augue sollicitudin tempus eget ut dui. Vestibulum ante

Повеќе

Rana casen maki

Pendisse erat dolor, dictum in interdum non, molestie at lorem. Vivamus

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.