Девет оздравени од ковид-19 во Гевгелија, 5мина позитивни во Богданци

Вторник, 20 Октомври 2020

Денешниот корона статус во Гевгелија носи смирување на страната на активните, со констатирани 9 оздравени пациенти од ковид-19 на ниво на општина и намалување на бројот на активните на 98 лица во моментот.

На корона памата на МК распоредени се пет нови случаи на корона во атарот на општина Богданци, а дијагностицирани со извештајот на ИЈЗ доставен завчера  (со 15 новозаболени од ковид-19). Вкупниот број на активни од 21 се покачи на 26 уште завчера, а евидентиран на корона мапата на МК дури денеска.

Активни во регионот на надлежност на ЦЈЗ Гевгелија остануваат и познатите 8 случаи во општина Дојран.

Вкупниот број на заразени од корона од почетокот на епидемијата до сега во Гевгелија достигна 211 случаи, 40 во Богданци и 16 во Дојран. Оздравени се 112 заболени со ковид во општина Гевгелија, 13 во Богданци и 8 во Дојран. Досега се евидентирани и два смртни случаи од ковид - еден во Гевгелија и еден во Богданци.

Владата на РСМ денеска ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство за ограничување на работното време на сите угостителски објекти до 23 часот, освен за оние што вршат испорака, како и ограничување на капацитетот на патници во возилата на јавниот превоз на 50% од вкупниот број на патници предвидени во едно возило.

Целата државна и јавна администрација, општините и судовите, согласно принципот на работа и работниот процес, организирањето на работата да се одвива во смени или онлајн од дома или редуцирано со систем на ротации зависно од карактеристиките на работниот процес на институциите.

- „Болничките капацитети забрзано се исполнуваат. Се исполнија некои инфективни одделенија во државата. Од денеска се сместени пациенти во модуларната болница кај Инфективната клиника. Болничките капацитети се еден од главните параметри. Ако ние оцениме дека овие капацитети кои се димензионирани да бидат резерва се исполнуваат тогаш дефинитивно ќе препорачаме целосна рестрикција во движењето, односно полициски час. Мерките за заштита од ковид-19 мора итно да се донесат. Апелирам до сите пратеници да покажат одговорност и да ги изгласаат промените во Законот за заштита на населението од заразни болести што поскоро“ изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Есенскиот корона бран продолжува. Во државата денеска се евидентирани 408 нови случаи на ковид-19 од направени 2.140 тетстови анализи, а 281 се оздравени.

Починати се 4 лица, двајца пациенти од Скопје (64 и 77г), еден од Ресен (59г) и еден пациент од Битола (76г). Од нив еден пациент е починат вон болнички услови, останатите се починати во болница.

Во моментот активни на корона се вкупно 5.673 лица во РСМ.

 

Last modified on Вторник, 20 Октомври 2020 - 23:24

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Same masen kuta

Misociis nulla interdum et. Cursus senectus aliquet pretium at tristique hac

Повеќе

Ukan mare tinu

Etiam vitae commodo dolor. Ut quis urna nisl. Nulla eu purus odio, at aliquet

Повеќе

Zaga tiko maze

Ceger nisl Pellentesque In id metus laoreet dignissim vel. Lacinia Sed

Повеќе

Xare makin opan

Mes pede elit nibh at risus tempus. Nulla semper ac nec sit massa In Curabitur

Повеќе

Dare makin oka

Puspen disse at libero porttitor nisi aliquet vulputate vitae at velit. Aliquam

Повеќе

Zate maki nako

Temper ac nec sit massa In Curabitur id risus sit. Non ante gravida eros quis

Повеќе

Nuka tisu mako

Duis sit amet velit quis augue sollicitudin tempus eget ut dui. Vestibulum ante

Повеќе

Seru cadin retu

Lorem ipsum dolor sit amet, consetetur sadipscing elitr, sed diam nonumy eirmod

Повеќе

Tina okun zagon

Duis sit amet velit quis augue sollicitudin tempus eget ut dui. Vestibulum ante

Повеќе

Rana casen maki

Pendisse erat dolor, dictum in interdum non, molestie at lorem. Vivamus

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.