Короната со нов рекорд - МК 641, Гевгелија 20 нови позитивни

Среда, 21 Октомври 2020

Таман си помисливме дака во Гевгелија продолжува трендот на задравување на пациентите од ковид-19 со вчерашните 9 мина оздравени од болеста на XXI век, а денеска со ново изненадување: нов корона рекорд во државата со регистрирани 641 позитивни од направени анализи на 2.688 тестови, а од нив 20 се на подрачјето на ЦЈЗ Гевгелија.

Со тоа бројката на позитивни во регионот на ЦЈЗ Гевгелија се искачи на 152 во моментот.

Реакциите на дел од гевгеличани дека не можеле да добијат термин за земање брис во Пунктот што го опслужува Центарот за јавно здравје во Гевгелија, па се упатиле на тест за корона да направат во приватна лабораторија, укажува на можноста дека таквите случаи на лица позитивни на корона кои не се на евиденцијата на Институтот за јавно здравје, ја зголемуваат бројката на заболени од ковид-19 во регионот.

Засега, ЦЈЗ и дневната болница за прием на лесни и среднотешки ковид пациенти се справува некако со состојбата на заболените во Гевгелија и двете јужни општини (Богданци и Дојран), но проширувањето на болничките капацитети за прием на ковид пациенти е неопходност.
Секојдневно и претпладне и попладне повеќе десетици лица дневно се пред дневниот корона пункт каде едни чекаат за изведување тестови за корона, а други чекаат да им биде пропишана лекарската терапија за борба со коронавирусот во нивното тело.

Како и да е сликата со коронава есента го триплира бројот на активни случаи во државата и денеска достигна бројка на 6.069 заболени од ковид-19.

- „На ова укажувавме уште во текот на летото дека короната со заладувањето во текот на есента ќе зема замав, а со присуството на сезонскиот грип каде симптоматологијата е слична ќе се отежне работата за вистинското дијагностицирање и соодветен третман на заболените“, изјавуваат од Центарот за јавно здравје Гевгелија.
Д-р Сшо Олумчев, епидемиолог од ЦЈЗ Гевгелија вели дека Гевгелија се' уште ги чека вакцините за грип кои ги набавува Министерството за здравство по пат на тендер. Доставата до ЦЈЗ треба да биде завршена до крајот на октомври, а со тоа и почетокот на вакцинирањето на ризичните групи на граѓани ќе стартува согласно претходно утврден распоред на вакцинација против сезонски грип кај населението.

Денешните 20 новозаразени лица со корона вирус во ЦЈЗ Гевгелија се' уште не се територијално распоредени по општини (каде ЦЈЗ има своја надлежност).

Во државата денеска се починати 12 лица, тројца пациенти од Скопје (52, 73 и 85г), еден од Куманово (59г), двајца пациенти од Прилеп (78 и 75г), двајца од Велес (61 и 62г), двајца пациенти од Гостивар (43 и 76г), еден од Струмица (66г) и еден пациент од Свети Николе (69г).
Гласините за нова жртва од ковид во Гевгелија се по се' изгледа се чаршиски приказни дека „секој починат денеска лажно е прогласуван за мртов од ковод“. Очигледно не е така. Институтот за јавно здравје со денешниот извештај за 12 починати од ковид, без Гевгелија ги демантира гласините меѓу гевгеличани.

Во денешниот корона извештј за послените 24 чса ИЈЗ исвестува за 233 оздравени, од кои 2-ца се од Гевгелија.

Короната во светот до сега успеа да зарази 41.265.160 лица од светската популација, а за 1.132.444 од нив да донесе смртни последици. Сепак, светот успеа да излечи, а некои да се опорават со лесни симптоми во домашни услови со вкупна бројка од 30.770.468 пациенти на ковид-19. Научниот свет уште трага по ефикана вакцина, а само 10 вакцини влегле во трета фаза на клиничко испитување. Што значи, за колективен имунитет од короната може да се ндеваме дури догодина.

 

Last modified on Среда, 21 Октомври 2020 - 18:32

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Same masen kuta

Misociis nulla interdum et. Cursus senectus aliquet pretium at tristique hac

Повеќе

Ukan mare tinu

Etiam vitae commodo dolor. Ut quis urna nisl. Nulla eu purus odio, at aliquet

Повеќе

Zaga tiko maze

Ceger nisl Pellentesque In id metus laoreet dignissim vel. Lacinia Sed

Повеќе

Xare makin opan

Mes pede elit nibh at risus tempus. Nulla semper ac nec sit massa In Curabitur

Повеќе

Dare makin oka

Puspen disse at libero porttitor nisi aliquet vulputate vitae at velit. Aliquam

Повеќе

Zate maki nako

Temper ac nec sit massa In Curabitur id risus sit. Non ante gravida eros quis

Повеќе

Nuka tisu mako

Duis sit amet velit quis augue sollicitudin tempus eget ut dui. Vestibulum ante

Повеќе

Seru cadin retu

Lorem ipsum dolor sit amet, consetetur sadipscing elitr, sed diam nonumy eirmod

Повеќе

Tina okun zagon

Duis sit amet velit quis augue sollicitudin tempus eget ut dui. Vestibulum ante

Повеќе

Rana casen maki

Pendisse erat dolor, dictum in interdum non, molestie at lorem. Vivamus

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.