Се доградува Дневниот ковид центар во Гевгелија

Четврток, 22 Октомври 2020

Во кругот на Општа Болница Гевгелија веднаш до сегашниот пункт за земање брис за корона тест (поранешното Кожно одделение при Болницата) започнаа изведбени работи за доградба на Дневен ковид центар. Овој објект со површина од 70 м3 треба да пружи болничка терапија и нега на лесните и средно тешки пациенти со дијагноза ковид-19, инфузна терапија и друг вид болничка потребна нега на нашите сограѓани.

Директорот на ЈЗУ „Општа Болница Гевгелија“ со проширена надлежност, Митко Крџев при денешната обиколка на градежните работи, заедно со градоначалникот на општина Гевгелија ги потенцира аргументите за ваквиот зафат: пред се големиот налет на заразени во Општината, исцрпените финансиски капацитети на Болницата која својот буџет за 2020 година не го имаше во предвид и фактот на присуство на коронавирусот и потребата од средства за заштита на неское медицинско лице, секој вработен, како и дополнителни медицински средства за потребниот болнички третман на ковид заболените во општината и регионот. Зато Крџев посочи:
- „Ваквата потреба е од приоритетно значење, особено, во услови кога во Општата болница не постои Инфективно одделение. Меѓутоа, Општата болница повеќе не е во можност да ги подмирува дополнителните финансиски обврски за сузбивање на Корона вирусот. Бидејќи, на повеќепати, преку итни постапки во изминативе месеци, беа набавувани средства за лична заштитна опрема на вработените во Општата болница што дополнително го оптовари Годишниот буџет на здравствената установа“, вели д-р Крџев.
Поради тоа т
ЈЗУ „Општа Болница Гевгелија“ при образложувањето на состојбата со корона висурот во Општината и регионот побараа финансиска помош од Општина Гевгелија за изведување на таков градежен зафат, „Доградба на Дневен ковид центар“, објект кој ќе биде залепен со северниот ѕид на сегашниот Пункт за земање брис за корона тест. Целата инвестиција има вредност од 377.000 денари и веќе барањето на Болницата е испорачано како ургентно до службите на Општина Гевгелија.

При денешниот увид на работите на терен градоначалникот на Општина Гевгелија Сашо Поцков задоволен од брзината на изведбата, најави дека соодветно брзо на барањето ќе одговори и Советот на општината на следната седница со одобрување на средства за овој Днвен ковид центар наменет за ургентни потреби на пациентите.

- „Општинскиот штаб за заштита и спасување на последната седница беше информиран за иницијативата на ЈЗУ Општата болница- Гевгелија и Подрачната единица на Центарот за јавно здравје во Гевгелија за проширување на постојниот пункт за тестирање на влезот во болницата и уредување на Дневен прифатен центар. Општнскиот штаб ја поддржа иницијативата за доградба на постојниот пункт за тестирање од Корона вирус, а од Општата болница во Гевгелија веќе е доставено барање за обезбедување финансиски средства од страна на Општината. Барањето за одобрување на средства, во висина од околу 377.000 денари, колку што чини доградбата, ќе се најде на дневен ред на претстојната седница на Советот на Општина Гевгелија која е закажана за следната недела. Сметам дека како Општина треба да излеземе во пресрет на барањето и на тој начин да обезбедиме непречено одвивање на здравствената заштита на граѓаните и подобар третман на пациентите заразени од КОВИД-19“, истакна градоначалникот на Општина Гевгелија, Сашо Поцков.

Ваквата општинска интервенција за доградба на Дневен ковид центар се наметна поради доцнењето на Апликацијата до Светска Банка наменети за борба против ковидот, а се' поради одбивањето на тогашната заменик министерка за финсии во техничката влада од редовите на опозицијата да стави потпис на апликацијата. Деновиве Собранието ја одобри Апликацијата до Светска банка и таа е во процедура. Со неа се планира изградба на 16 ковид центри во 16 општини во државата меѓу кои и Гевгелија. Објектот ќе биде современо опремен со приемно одделение, амбуланта и болнички капацитети за третирање на ковид болните, распослан на 500 метри квадратни на сегашниот паркинг простор кај гевгелиската Болница.

 

Last modified on Четврток, 22 Октомври 2020 - 16:38

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Same masen kuta

Misociis nulla interdum et. Cursus senectus aliquet pretium at tristique hac

Повеќе

Ukan mare tinu

Etiam vitae commodo dolor. Ut quis urna nisl. Nulla eu purus odio, at aliquet

Повеќе

Zaga tiko maze

Ceger nisl Pellentesque In id metus laoreet dignissim vel. Lacinia Sed

Повеќе

Xare makin opan

Mes pede elit nibh at risus tempus. Nulla semper ac nec sit massa In Curabitur

Повеќе

Dare makin oka

Puspen disse at libero porttitor nisi aliquet vulputate vitae at velit. Aliquam

Повеќе

Zate maki nako

Temper ac nec sit massa In Curabitur id risus sit. Non ante gravida eros quis

Повеќе

Nuka tisu mako

Duis sit amet velit quis augue sollicitudin tempus eget ut dui. Vestibulum ante

Повеќе

Seru cadin retu

Lorem ipsum dolor sit amet, consetetur sadipscing elitr, sed diam nonumy eirmod

Повеќе

Tina okun zagon

Duis sit amet velit quis augue sollicitudin tempus eget ut dui. Vestibulum ante

Повеќе

Rana casen maki

Pendisse erat dolor, dictum in interdum non, molestie at lorem. Vivamus

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.