Гевгелија 121 активни на корона - денес 7 новозаразении, а 4 во Богданци

Четврток, 22 Октомври 2020

Најновиот извештај на ИЈЗ покажува дека корона трендот на новозаразени во Гевгелија и регионот продолжува. Денеска ИЈЗ известува за 640 новодијагностицирани заболени на ковид-19 преку направена анализа на 2.634 тестови во текот на изминатите 24 часа, а од позитивните 11 се од подрачјто на Центарот за јавно здравје Гевгелија.
На корона картата на МК новозаразените се распоредени и тоа 7-мина позитивни одат на контото на општина Гевгелоја, 4-ца се од подрачјето на општина Богданци.
Во извештајот на ИЈЗ детектирани се и 143 оздравени, а од оздравените 2-ца се од подрачјето на општина Гевгелија.

Со тоа, билансот на активните во моментот изнесува 159, и тоа со следниот територијален распоред: 121 активни на корона од Гевгелија и населените места, 30 активни во општина Богданци и Дојран останува со веќе познатите 8 позитивни на корона.

Вкупниот број на досега заразени со вирусот кој го покори светот за регионот на здравствена надлежност на ЦЈЗ Гевгелија изнесува 298, и тоа кумулативно за трите општини од југот, со тоа што 238 од заразените се во подрачјето на општина Гевгелија, 44 во Богданци и 16 во Дојран.
Бројот на оздравените во истиот регион изнесува 137, од кои 116 во Гевгелија, 13 во Богданци и 8 во Дојран. Тоа значи дека 46% од досега заразените се оздравени.

Денешниот извештај е доказ дека Гевгелија 88 дена во континуитет живее со присуство на коронавирус меѓу своите граѓани. Во државата бројот на активни на вирусот достигна рекордни 6.552 лица.

Од Министерствотот за здравство со препорака дека однесувањето на граѓаните кон мерките за заштита од коронавирусот е максимално важно за понатамошниот тек на заразата меѓу населението. Зато препорачуваат во претстојниот продолжен викенд да се избегнуваат групирањата.
- „Групирањето, забавите, собиранките оставете ги за некое друго време. Има многу безбедни начини за убаво поминат викенд почитувајќи ги мерките за заштита. Сега е време да го заштитиме сопственото, а со тоа и јавното здравје“ истакнува министерот Филипче.

Пред нас е продолжен викенд во кој очекувам максимално одговорно однесување на граѓаните. Влегуваме во исклучително...

Posted by Венко Филипче on Thursday, October 22, 2020
Last modified on Четврток, 22 Октомври 2020 - 21:32

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Same masen kuta

Misociis nulla interdum et. Cursus senectus aliquet pretium at tristique hac

Повеќе

Ukan mare tinu

Etiam vitae commodo dolor. Ut quis urna nisl. Nulla eu purus odio, at aliquet

Повеќе

Zaga tiko maze

Ceger nisl Pellentesque In id metus laoreet dignissim vel. Lacinia Sed

Повеќе

Xare makin opan

Mes pede elit nibh at risus tempus. Nulla semper ac nec sit massa In Curabitur

Повеќе

Dare makin oka

Puspen disse at libero porttitor nisi aliquet vulputate vitae at velit. Aliquam

Повеќе

Zate maki nako

Temper ac nec sit massa In Curabitur id risus sit. Non ante gravida eros quis

Повеќе

Nuka tisu mako

Duis sit amet velit quis augue sollicitudin tempus eget ut dui. Vestibulum ante

Повеќе

Seru cadin retu

Lorem ipsum dolor sit amet, consetetur sadipscing elitr, sed diam nonumy eirmod

Повеќе

Tina okun zagon

Duis sit amet velit quis augue sollicitudin tempus eget ut dui. Vestibulum ante

Повеќе

Rana casen maki

Pendisse erat dolor, dictum in interdum non, molestie at lorem. Vivamus

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.