Корона биланс: 11 новозаразени и 3ца оздравени во Гевгелија

Петок, 23 Октомври 2020

Осумдесети деветиот ден од присуството на коронавирусот во Гевгелија го донесе 67-миот извештај за новозаразени во рамките на општината. Денеска ИЈЗ дијагностицира 11 нови случаи на корона позитивни во рамките на ЦЈЗ Гевгелија и 3-ца оздравени.

Новозаразените се' уште не се територијално распоредени во рамките на подрачјето на надлежност на Центарот за јавно здравје Гевгелија, а останува нумерацијата со назнака за седиштето на ЦЈЗ, - Гевгелија.

Денеска Гевгелија зборува за уште една жртва на ковидот, средновечен маж, сопственик на ТД кој починал попладнево и не е содржан во денешниот извештај на ИЈЗ. Овој случај е втора ковид жртва во Гевгелија, трета во регионот на надлежност на ЦЈЗ Гевгелија.

Денеска состојбата со короната во рамките на државата е: 518 нови случаи на ковид-19 детектирани преку анализа на 2.367 тестови во изминатите 24 часа. Во истиот извештај се наведува дека има утврдено 200 оздравени пациенти, кои на тестот за корона се покажале негативни.

Денешниот корона извештај на ИЈЗ известува за 9 починти лица од ковид-19, и тоа: четири пациенти од Скопје (36, 60, 65 и 53г), еден пациент од Штип (66г), еден од Радовиш (72г), еден од Струмица (71г), еден од Пробиштип (75г) и еден пациент од Македонска Каменица (44г).

Во моментов вкупниот број на активни случаи на корона во земјата изнесува 6.861 случаи. Во Гевгелија активни на корона се 129 лица, а во регионот на ЦЈЗ Гевгелија вкупно 167 заразени од корона и заболени од ковид-19.

Од Министерството за здравство укажуваат на оптеретени лаборатории за анализа на тестови, а на социјалните мрежи поединци реагираат дека не така лесно и брзо можеда се закаже термин за корона тест.

- „Силниот есенски бран ги оптерети лабораториите за тестирање, но се работи на изнаоѓање решение за нови термини. Викендов сите лаборатории ќе работат со полн капацитет за да се постигне со обработката на тестови, а денеска разговаравме за отворање на нови термини на почетокот на следната недела. Сите капацитети се максимално ангажирани, колегите работат во три смени. Верувам дека брзо ќе изнајдеме решение за надминување на состојбата“ напиша министерот за здравство Венко Филипче на социјалните мрежи.

Силниот есенски бран ги оптерети лабораториите за тестирање, но се работи на изнаоѓање решение за нови термини. Викендов...

Posted by Венко Филипче on Friday, October 23, 2020
Last modified on Петок, 23 Октомври 2020 - 21:21

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Same masen kuta

Misociis nulla interdum et. Cursus senectus aliquet pretium at tristique hac

Повеќе

Ukan mare tinu

Etiam vitae commodo dolor. Ut quis urna nisl. Nulla eu purus odio, at aliquet

Повеќе

Zaga tiko maze

Ceger nisl Pellentesque In id metus laoreet dignissim vel. Lacinia Sed

Повеќе

Xare makin opan

Mes pede elit nibh at risus tempus. Nulla semper ac nec sit massa In Curabitur

Повеќе

Dare makin oka

Puspen disse at libero porttitor nisi aliquet vulputate vitae at velit. Aliquam

Повеќе

Zate maki nako

Temper ac nec sit massa In Curabitur id risus sit. Non ante gravida eros quis

Повеќе

Nuka tisu mako

Duis sit amet velit quis augue sollicitudin tempus eget ut dui. Vestibulum ante

Повеќе

Seru cadin retu

Lorem ipsum dolor sit amet, consetetur sadipscing elitr, sed diam nonumy eirmod

Повеќе

Tina okun zagon

Duis sit amet velit quis augue sollicitudin tempus eget ut dui. Vestibulum ante

Повеќе

Rana casen maki

Pendisse erat dolor, dictum in interdum non, molestie at lorem. Vivamus

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.