Три ковид жртви за еден ден во Гевгелија

Сабота, 24 Октомври 2020

Петок, 23 октомври, Гевгелија загуби тројца свои жители како последица на ковид-19. Информацијата за немилите жртви на вирусот кој го покори светот доаѓа од директорот на ЈЗУ „Општа Болница Гевгелија“ д-р Митко Крџев.

- „Во текот на вчерашниот ден починаа три лица од Гевгелија кои беа на лекување во Скопје. Станува збор за две машки лица на возраст од 50-тина години и една жена која повеќе од две недели беше на Инфективна клиника“, вели д-р Крџев.

Неочекуваниот црн петок ги изненади гевгеличани уште во текот на вчерашниот ден со веста споделена од семејството дека еден од починатите од ковид-19 доцна во ноќта, нешто пред полноќ, е и гевгелискиот познат музичар, пејач, сценски изведувач и чест гостин на забавите во кафулиња со својот син, 51 годишниот сограѓанин Васил Ангов. Тој бил хоспитализиран во Инфективната клиника во Скопје, но потоа по желба на семејството бил пренесен во приватната клиника „Филип Втори“ каде и' подлегнал на болеста ковид-19. Од Центарот за јавно здравје од Гевгелија велат дека Ангов бил позитивен на ковид-19 пред десетина дена, но поради хронична астма неговата состојба нагло се влошила поради што бил хоспитализиран и бил на респиратор.

Поради веќе 90 дневното присуство на коронавирусот меѓу жителите на Гевгелија и притисокот на здравствените работници да се справат со големиот и растечки број на новозаразени лица со корона, директорот на Општа Болница Гевгелија упати АПЕЛ до сограѓаните за „СТРОГО ПОЧИТУВАЊЕ НА МЕРКИТЕ ЗА ЗАШТИТА И СПРЕЧУВАЊЕ НА ШИРЕЊЕТО НА КОРОНА ВИРУСОТ“.

Во Гевгелискиот Регион каде припаѓат и општините Гевгелија, Богданци и Дојран, досега има заболено 309 лица од кои 100-тина се за последните 10 дена. Во моментов, активни има 167 случаи од кои 16 се жители на Општина Дојран, а 47 на Општина Богданци.
Зголемениот број на заболени од коронавирусот во Гевгелиско, како што кажаа од Центарот за јавно здравје, е резултат на недисциплината на граѓаните кои со неносење маска и честите групирања овозможуваат широка трансмисија на вирусот.

Трите жртви н коронавирусот во текот на денот ќе бидат нотирани и во извештајот на Институтот за јавно здравје, каде поради сумирањето на резултатите од тестовите за изминатите 24 часа во сите Центри за јавно здравје во државата, информацијата доцни, е во подготовка и се очекува.

 

Last modified on Сабота, 24 Октомври 2020 - 16:06

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Same masen kuta

Misociis nulla interdum et. Cursus senectus aliquet pretium at tristique hac

Повеќе

Ukan mare tinu

Etiam vitae commodo dolor. Ut quis urna nisl. Nulla eu purus odio, at aliquet

Повеќе

Zaga tiko maze

Ceger nisl Pellentesque In id metus laoreet dignissim vel. Lacinia Sed

Повеќе

Xare makin opan

Mes pede elit nibh at risus tempus. Nulla semper ac nec sit massa In Curabitur

Повеќе

Dare makin oka

Puspen disse at libero porttitor nisi aliquet vulputate vitae at velit. Aliquam

Повеќе

Zate maki nako

Temper ac nec sit massa In Curabitur id risus sit. Non ante gravida eros quis

Повеќе

Nuka tisu mako

Duis sit amet velit quis augue sollicitudin tempus eget ut dui. Vestibulum ante

Повеќе

Seru cadin retu

Lorem ipsum dolor sit amet, consetetur sadipscing elitr, sed diam nonumy eirmod

Повеќе

Tina okun zagon

Duis sit amet velit quis augue sollicitudin tempus eget ut dui. Vestibulum ante

Повеќе

Rana casen maki

Pendisse erat dolor, dictum in interdum non, molestie at lorem. Vivamus

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.