Д-р Мат: Дневно по 70 пациенти од ковид-19 се на инфузија во Болницата во Гевгелија

Петок, 30 Октомври 2020

Доктор Патрик Мат, специјалист по интерна медицина задолжен за лекување на ковид пациентите во Општа Болница Гевгелија вели дека со есенскиот бран на корона заразите дневно по 70 пациенти од ковид-19 доаѓаат на инфузија во Болницата.

Тоа значи дека 60% од заразените носители на вирусот имаат потреба од секојдневна лекарска терапија. Напоредно со овој податок д-р Мат истакнува дека
во Општата болница во Гевгелија се третираат пациенти со средно-тешка клиничка слика, главно, со пневмонија, од кои 26% имаат потреба од кислородна поддршка. Постојат и пациентите со тешка клиничка слика кои се третираат со венски третман и лекување со мониторинг двапати неделно.

Ова е во главно загрижувачка епидемиолошка слика на корона позитивните во Гевгелија со фактот дека околу 90% од заразените веќе имаат потреба од лекарски третман. Засега Болницата успева да се справи со налетот на дневни пациенти, но прашање на време е до кога ќе издржат кадровите сили на Болницата со ваквиот залет на вирусот.

Доктор Мат оценува дека посебно загрижувачки е што асимптоматски случаи – носители на вирусот се најчесто млади луѓе и децата кои ја шират болеста меѓу возрасните.

Со ваквото темпо на ширење на заразата од Центарот за јавно здравје велат дека работниот интерес го насочуваат на лицата на кои им е потребно тестирање, на пациентите со дневна терапија и воопшто се нема време да се следат другите епидемиолошки контакти на веќе утврдените позитивни носители на вирусот корона. Поради тоа вирусот породолжува да се шири од неодговорниот и несовесниот однос на поединци кои да не бидат научени од средината дека треба да бидат во изолација, продолжуваат да излегуваат од дома, да контактираат, оставајќи слика за себе дека се здрави, а всушност се свесни носители и преносители на вирусот.

Загрижувачки се секојдневните различни епидемиолошки слики и збунувачки, а исходот од тоа се 6-те загубени животи на наши сограѓани. Бројките на заболените постојано растат, така што до денес во јужниот регион (Гевгелија, Богданци и Дојран кои ги опслужува ЦЈЗ ПЕ Гевгелија) се регистрирани 357 позитивни случаеви на заразени од корона, а во моментот и понатаму активни на болеста ковид-19 се 166 во Гевгелија и регионот на надлежност на ЦЈЗ Гевгелија. Доколку ваквиоот тренд продолжи не очекува тешка зима, предупреди епидемиологот при ЦЈЗ, д-р Олумчев.
Тој ги оцени бројките на инциденца со корнавирусот во нашиот регион како поразителни и покрај осуммесечните апели до граѓаните за заштита на своето и јавното здравје, а сето тоа се случи поради непочитување на мерките од страна на дел од граѓаните.

Овие апели, двајцата доктори ги упатија пред членовите на Советот на општина Гевгелија на одржаната 51 редовна седница на која беа одобрени средства во износ од 377.364,- денари за доградба на дневниот ковид центар, веднаш до пунктот за земање брис за тест од корона при Општа Болница Гевгелија.

Гевгеличани,
Овие 70 дневни ковод пациенти ќе се излечат, но со почитување на мерките за заштита на своето и јавното здравје можеме да спречиме да продолжи ланецот на зарaза, со носење заштитни маски, со држење физичка дистанца од 2 метри далечина, со често миење на рацете. Ако стручњаците велат дека вирусот може да се спречи да се шири со ваква хигиенска дисциплина, тогаш ДА ГО ПОБЕДИМЕ!

 

Last modified on Петок, 30 Октомври 2020 - 12:47

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Same masen kuta

Misociis nulla interdum et. Cursus senectus aliquet pretium at tristique hac

Повеќе

Ukan mare tinu

Etiam vitae commodo dolor. Ut quis urna nisl. Nulla eu purus odio, at aliquet

Повеќе

Zaga tiko maze

Ceger nisl Pellentesque In id metus laoreet dignissim vel. Lacinia Sed

Повеќе

Xare makin opan

Mes pede elit nibh at risus tempus. Nulla semper ac nec sit massa In Curabitur

Повеќе

Dare makin oka

Puspen disse at libero porttitor nisi aliquet vulputate vitae at velit. Aliquam

Повеќе

Zate maki nako

Temper ac nec sit massa In Curabitur id risus sit. Non ante gravida eros quis

Повеќе

Nuka tisu mako

Duis sit amet velit quis augue sollicitudin tempus eget ut dui. Vestibulum ante

Повеќе

Seru cadin retu

Lorem ipsum dolor sit amet, consetetur sadipscing elitr, sed diam nonumy eirmod

Повеќе

Tina okun zagon

Duis sit amet velit quis augue sollicitudin tempus eget ut dui. Vestibulum ante

Повеќе

Rana casen maki

Pendisse erat dolor, dictum in interdum non, molestie at lorem. Vivamus

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.