Две нови ковид жртви во Богданци, 13 нови позитивни во ЦЈЗ Гевгелија

Понеделник, 02 Ноември 2020

Со новиот извештај на Институтот за јавно здравје од Скопје јавноста дознава за две нови ковид жртви, жители на општина Богданци. Едната е пациентка на 75 годишна возраст почината во ковид одделението при Општа Болница Гевгелија во саботата на 31 октомври (за што веќе пишувавме), а како резултат на настанати компликации со коронавирусот предизвикана тешка бронхопневмонија.
Вториот починат пациент од ковид-19 исто жител на општина Богданци е на возраст од 85 години, за кој денеска известува ИЈЗ.

Смртниот биланс во регионот на ЦЈЗ Гевгелија изнесува вкупно осум лица, од кои 5 во Гевгелија и 3-ца во општина Богданци. Досега во регионот на ЦЈЗ вкупната бројка на заразени од корона достигна 416 лица, што значи стапката на смртност во регионот е ниска со евидентирани 1,92%.

Заедно со црната бројка на 2-ца починати од регионот на надлежност на ЦЈЗ ПЕ Гевгелија денешниот извештај на ИЈЗ е обременет и со податокот за вкупно 21 починати лица во државата од ковид-19.
Тоа се: 6 пациенти од Скопје (45,52, 63, 67, 68 и 84г), пет пациенти од Тетово (69, 73, 75, 69 и 83г), еден од Куманово (74г), двајца пациенти од Велес (83 и 89г), двајца од Богданци (75 и 85г) и по еден пациент од Битола (79г), Радовиш (71г), Прилеп (61г), Охрид (51г) и Штип (63г). Освен еден пациент кој е починат вон, сите други се починати во болнички услови.

Дека короната не мирува во регионот на југот, па и во државата зборуваат и останатите податоци од извештајот на ИЈЗ. Во последните 24 часа се направени 1.325 тестирања, а регистрирани се 565 нови случаи на ковид-19. Тоа е висока стапка од 42,6% на новозаболени од вкупниот број на извршени тестирања за еден ден во државата. Од денешниот број на новозаболени од ковид-19 констатирано е дека 13 се нови случаи на позитивни на корона во подрачјето на ЦЈЗ Гевгелија.

Најголемиот број од новозаразените се во: Скопје 230, Прилеп 65, Тетово 39, Куманово 35, Велес и Гостивар по 27 новозаразени, Струмица 17, Кочани и Битола по 15, Штип 13 и Гевгелија 13, Кавадарци 10 и уште 15 општини имаат по едноцофрен број на новозаразени со коронавирус свои граѓани.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 154 оздравени пациенти

Досега во земјата се направени вкупно 253.173 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 32.997, бројката на оздравени пациенти е 21.244, на починати е 1025, а бројот на активни случаи изнесува 10.728.


Во прилог:
- Официјалните резултати од Министерството за здравство
- Табеларен преглед на извршени анализи на корона тестови по лаборатории и резултати од Институтот за јавно здравје на РСМ со датум од 01.11.2020 год.
- Корона мапа на Македонија (жолти кругови- активни случаи; црвени кругови-вкупен број на заразени по општини; сиви кругови-број на смртни случаи по Општини во државата)

Во последните 24 часа се направени 1325 тестирања, а регистрирани се 565 нови случаи на ковид-19 во: - Скопје 230 -...

Posted by Венко Филипче on Monday, November 2, 2020
Last modified on Вторник, 03 Ноември 2020 - 02:38

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Same masen kuta

Misociis nulla interdum et. Cursus senectus aliquet pretium at tristique hac

Повеќе

Ukan mare tinu

Etiam vitae commodo dolor. Ut quis urna nisl. Nulla eu purus odio, at aliquet

Повеќе

Zaga tiko maze

Ceger nisl Pellentesque In id metus laoreet dignissim vel. Lacinia Sed

Повеќе

Xare makin opan

Mes pede elit nibh at risus tempus. Nulla semper ac nec sit massa In Curabitur

Повеќе

Dare makin oka

Puspen disse at libero porttitor nisi aliquet vulputate vitae at velit. Aliquam

Повеќе

Zate maki nako

Temper ac nec sit massa In Curabitur id risus sit. Non ante gravida eros quis

Повеќе

Nuka tisu mako

Duis sit amet velit quis augue sollicitudin tempus eget ut dui. Vestibulum ante

Повеќе

Seru cadin retu

Lorem ipsum dolor sit amet, consetetur sadipscing elitr, sed diam nonumy eirmod

Повеќе

Tina okun zagon

Duis sit amet velit quis augue sollicitudin tempus eget ut dui. Vestibulum ante

Повеќе

Rana casen maki

Pendisse erat dolor, dictum in interdum non, molestie at lorem. Vivamus

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.