Корона/реон ЦЈЗ Гевгелија: 24 новозаразени, 13 оздравени, 209 активни

Петок, 13 Ноември 2020

Во 110 ден од присуството на короната во Гевгелија и регионот на ЦЈЗ Гевгелија забележан е нов пораст на нови случаи на позитивнилица на корона: 24 новозаразени само во Гевгелија, 13 оздравени.
Досега во регионот на ЦЈЗ од почетокот на епидемијата регистрирани се 518 случаи на заразени лица од корона. Од тоа (25 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 92 на Богданци, 12 се странски државјани, веќе оздравени и 389 се жители на општина Гевгелија). Во моментот вкупниот број на активни се 209 лица во трите јужни општини и тоа 61 се на подрачјето на општина Богданци, 10 на подрачјето на општина Дојран, а 139 се во подрачјето на општина Гевгелија и населените места.

Денешната корона слика во државата е 1.295 новорегистрирани позитивни на корона од направени анализи на 3.315 тестови. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 429 оздравени пациенти, а во подрачјето на ЦЈЗ Гевгелија 13 оздравени пациенти на ковид-19.

Во текот на изминатите 24 часа во државата починати се 26 лица, шест пациенти од Скопје (88, 80, 60, 63, 69 и 74г), еден од Куманово (86г), еден од Штип (76г), пет пациенти од Прилеп (48, 61, 73, 36 и 74г), двајца од Тетово (76 и 77г), пациент од Струга (86г), шест пациенти од Битола (81, 76, 74, 71, 88 и 82г), еден од Охрид (72г), двајца од Кавадарци (77 и 77г) и еден пациент од Свети Николе (62г).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 43.835, бројката на оздравени пациенти е 25.782, на починати е 1.238 лица. Тоа значи дека смртноста од ковид-19 во изминатите 2 недели во државата е намалена за 0,8 индексни поени и сега изнасува 2,8% од вкупниот број на заразените со корона, што е под светскиот просек. Во државата и понатаму остануваат активни на корона 16.815 лица.

На Инфективна клиника се хоспитализирани 155 пациенти (134 се на кислородна поддршка), во болницата Козле хоспитализирани се 11 деца позитивни на корона и 3 суспектни, како и 27 возрасни пациенти со ковид-19, во ГОБ „8ми Септември“ вкупно на болнички третман се 79 пациенти (од нив 7 се на респиратор).
Во Институтот за ТБЦ се хоспитализирани 56 пациенти, на клиниката за неврологија 21 пациент, на кожната клиника 23 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 80, а во болницата во Штип се 60 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Кичево, Кавадарци се хоспитализирани 534 позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Гевгелиската Болница го преполни ковид одделението и подготвува прием на ковид пациенти во Инфективното одделение на Болницата преадаптирано за болнички третман на позитивни на Sars-CoV-2 кои се со потешка клиничка слика.

Највисока инциденца (ширење на заразата меѓу населението) во трите јужни општини има Гевгелија со индекс 1.848 (број на заразени на 100.000 жители), следува Богданци со индекс 1.056, па Дојран со индекс 71,1. За само една недела Гевгелија ја зголеми инциденцата за 160 индексни поени, Богданци за 80 и.п., а Дојран само за 1,1 и.п. Тоа значи дека најголемо ширење на заразата со корона вирусот, и тоа речиси двојно побрзо од Богданци и 26 пати побрзо од Дојран (општина која ја издржа целата летна туристичка сезона со само еден новозаразен од корона), има во општина Гевгелија.

И, гевгеличани!
Уште ли ќе бркаме рекорди!???

 

 

Last modified on Петок, 13 Ноември 2020 - 11:58

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Same masen kuta

Misociis nulla interdum et. Cursus senectus aliquet pretium at tristique hac

Повеќе

Ukan mare tinu

Etiam vitae commodo dolor. Ut quis urna nisl. Nulla eu purus odio, at aliquet

Повеќе

Zaga tiko maze

Ceger nisl Pellentesque In id metus laoreet dignissim vel. Lacinia Sed

Повеќе

Xare makin opan

Mes pede elit nibh at risus tempus. Nulla semper ac nec sit massa In Curabitur

Повеќе

Dare makin oka

Puspen disse at libero porttitor nisi aliquet vulputate vitae at velit. Aliquam

Повеќе

Zate maki nako

Temper ac nec sit massa In Curabitur id risus sit. Non ante gravida eros quis

Повеќе

Nuka tisu mako

Duis sit amet velit quis augue sollicitudin tempus eget ut dui. Vestibulum ante

Повеќе

Seru cadin retu

Lorem ipsum dolor sit amet, consetetur sadipscing elitr, sed diam nonumy eirmod

Повеќе

Tina okun zagon

Duis sit amet velit quis augue sollicitudin tempus eget ut dui. Vestibulum ante

Повеќе

Rana casen maki

Pendisse erat dolor, dictum in interdum non, molestie at lorem. Vivamus

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.