За две недели во ЦЈЗ Гевгелија регистрирани 174 новозаразени со корона

Понеделник, 16 Ноември 2020

Гевгелија и општините Богданци и Дојран кои спаѓат во реонот на надлежност на Центарот за јавно здравје, во изминатите две недели регистрирале 174 нови случаи на заразени лица со коронавирус.
Тоа значи дека во просек по 11,6 лица биле регистрирани за позитивни на корона од почетокот на ноември до сега.
Најголема дневна регистрација на заболени од Sars-Cov-2 имаше пред 4 дена со регистрирани 24 новозаразени на корона. Трендот на пораст на позитивните случаи со корона во Гевгелија и регионот започна од средината на минатиот месец и речиси секојдневна двоцифрена бројка на новозаразени со вирусот корона.

Моменталната состојба во регионот на ЦЈЗ Гевгелија е: вкупно заразени до сега со корона 573 лица, од кои во моментот активни се 224 лица.
Станува очигледно дека општината со најмала инциденца (ширење на заразата) во регионот, општината Дојран само за два дена доби 7 нови позитивни лица на корона, и во моментот активни на вирусот се 12 лица од вкупно до сега заразените 32 лица во рамките на општина Дојран.
Пораст на позитивните на корона има и во општина Богданци, овде за само два дена има нови 14 заразени од корона. Активни на вирусот во моментот се 67 лица од вкупниот број на досега заразените 106 жители на општина Богданци.

Гевгелија каде се води и Центарот за јавно здравје за сите три општини има повторно рекордна слика на досега заразени, вкупно 435, и секојдневно новорегистрирани позитивни лица на корона, од кои активни на корона во моментот се 145  лица.
Во Гевгелија беа заразени и 12 странски државјани, припадници на полициски сили кои ја надгедуваат македонско-грчката граница во поглед на нелегален трансфер на мигранти и овде го дочекаа негативниот резултат сите до еден без компликации од вирусот.

Регионот на ЦЈЗ денеска го живее 113 ден со присуство на корона вирусот меѓу своите граѓани и 90-от извештај во кој Институтот за јавно здравје од Скопје не' бележи како регион со дневно новорегистрирани случаи на позитивни лица на коорна.

Општа Болница Гевгелија која е надлежна за здравствена нега и грижа за населението од овие три општини секојдневно е пребукирана од растечка бројка на пациенти кои бараат терапија за ковид-19, сместувачките капацитети на ковид одделението при Болницата се исполнети, интерното одделение се преадаптира за прием на пациенти со ковид, а во подготовка е и изградба на модуларната ковид единица на теренот на сегашното паркиралиште во кругот на гевгелиската Болница.
Со оваа темпо на заразување гевгеличани и регионот треба да обрнат внимание дека најбезбедна мерка за заштита е почитувањето на мерките за спречување на ширењето на корона вирусот, заради олабавување на заканата кон јавното здравје на граѓаните од овие соседни општини.

 

Last modified on Понеделник, 16 Ноември 2020 - 16:16

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Same masen kuta

Misociis nulla interdum et. Cursus senectus aliquet pretium at tristique hac

Повеќе

Ukan mare tinu

Etiam vitae commodo dolor. Ut quis urna nisl. Nulla eu purus odio, at aliquet

Повеќе

Zaga tiko maze

Ceger nisl Pellentesque In id metus laoreet dignissim vel. Lacinia Sed

Повеќе

Xare makin opan

Mes pede elit nibh at risus tempus. Nulla semper ac nec sit massa In Curabitur

Повеќе

Dare makin oka

Puspen disse at libero porttitor nisi aliquet vulputate vitae at velit. Aliquam

Повеќе

Zate maki nako

Temper ac nec sit massa In Curabitur id risus sit. Non ante gravida eros quis

Повеќе

Nuka tisu mako

Duis sit amet velit quis augue sollicitudin tempus eget ut dui. Vestibulum ante

Повеќе

Seru cadin retu

Lorem ipsum dolor sit amet, consetetur sadipscing elitr, sed diam nonumy eirmod

Повеќе

Tina okun zagon

Duis sit amet velit quis augue sollicitudin tempus eget ut dui. Vestibulum ante

Повеќе

Rana casen maki

Pendisse erat dolor, dictum in interdum non, molestie at lorem. Vivamus

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.