Прва ковид жртва во Дојран, 10-та во регионот на ЦЈЗ Гевгелија

Понеделник, 16 Ноември 2020

Денешниот извештај на Институтот за јавно здравје од Скопје евидентира црн рекорд во државата: 40 починати пациенти од ковид-19 за едно деноноќие. Меѓу починатите е и 56 годишен жител од општина Дојран. Ова е прва ковид жртва во Дојран, во најужната општина од државата која се месеци одолеваше на короната со најмал број на заразени во крајниот југ на Македонија.
Општината Дојран иако со најмала инциденца (ширење на заразата) во регионот, само за два дена доби 7 нови позитивни лица на корона, така што во моментот активни на вирусот се 11 лица од вкупно до сега заразените 32 лица во рамките на општината.
Со тоа, инциденцата во Дојран за само четири денови се покачи за 11,85 индексни поени и достигна 92,95 (број на заразени на 100.000 жители).

Во денешниот извештај на ИЈЗ-Скопје стои дека: Починати се 40 лица, десет пациенти од Скопје (66, 66, 76, 61, 51, 72, 52, 83, 49 и 84г), двајца од Куманово (77 и 77г), тројца од Штип (70, 62 и 80г), пет од Прилеп (63, 62, 66, 54 и 64г), еден пациент од Тетово (55г), двајца од Струга (56 и 60г), тројца од Велес (70, 51 и 89г), тројца од Битола (69, 69 и 71г), двајца пациенти од Кавадарци (67 и 78г), тројца од Гостивар (71, 65 и 81г), еден пациент од Дојран (ПЕ Гевгелија -56г), еден од Струмица (84г), еден од Крушево (76г), еден од Свети Николе (68г) и двајца пациенти од Кичево (75 и 81г). Од нив еден пациент е починат вон, останатите се починати во болнички услови.

Црниот корона биланс е испишан и во Гевгелија со 6 ковид жртви, и во општина Богданци со три, и денеска е регистрирана првата ковид жртва во Дојран, која пак е 10-та во регионот на ЦЈЗ Гевгелија.

Со денешниот извештај на ИЈЗ се известува и за 2-ца оздравени во регионот на Центарот за јавно здравје ПЕ Гевгелија, кој е здравствено надлежен за општините Гевгелија, Богданци и Дојран.

Денеска ИЈЗ не регистрира нов случај на заразени во југот од Македонија во надлежност на ЦЈЗ Гевгелија. Со двајца оздравени во изминатите 24 часа и еден починат, остануваат и понатаму активни на корона 221 лица во реонот на ЦЈЗ Гевгелија.

Во последните 24 часа во државата се направени 1.683 тестирања, регистрирани се 591 нови случаи на ковид-19, а оздравени се 439 пациенти.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 47.636, бројката на оздравени пациенти е 27.803, на починати е 1.345, а бројот на активни случаи изнесува 18.488.

 

Last modified on Понеделник, 16 Ноември 2020 - 19:34

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Same masen kuta

Misociis nulla interdum et. Cursus senectus aliquet pretium at tristique hac

Повеќе

Ukan mare tinu

Etiam vitae commodo dolor. Ut quis urna nisl. Nulla eu purus odio, at aliquet

Повеќе

Zaga tiko maze

Ceger nisl Pellentesque In id metus laoreet dignissim vel. Lacinia Sed

Повеќе

Xare makin opan

Mes pede elit nibh at risus tempus. Nulla semper ac nec sit massa In Curabitur

Повеќе

Dare makin oka

Puspen disse at libero porttitor nisi aliquet vulputate vitae at velit. Aliquam

Повеќе

Zate maki nako

Temper ac nec sit massa In Curabitur id risus sit. Non ante gravida eros quis

Повеќе

Nuka tisu mako

Duis sit amet velit quis augue sollicitudin tempus eget ut dui. Vestibulum ante

Повеќе

Seru cadin retu

Lorem ipsum dolor sit amet, consetetur sadipscing elitr, sed diam nonumy eirmod

Повеќе

Tina okun zagon

Duis sit amet velit quis augue sollicitudin tempus eget ut dui. Vestibulum ante

Повеќе

Rana casen maki

Pendisse erat dolor, dictum in interdum non, molestie at lorem. Vivamus

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.