Седма ковид жртва во Гевгелија, 11-та по ред во регионот на ЦЈЗ

Вторник, 17 Ноември 2020

Во 115 ден со присуство на короната меѓу жителите на Гевгелија и регионот денеска ИЈЗ ја бележи 7-та ковид жртва од нашата општина, а 11та по ред за регионот на Центарот за јавно здравје Гевгелија.
Од 31 починато лице со дијагноза ковид-19 во земјата за изминатите 24 часа, ИЈЗ јавува за смртта и на 56 годишен жител на општина Гевгелија.

Во државата билансот на полинатите територијално е распореден по ЦЈЗ вака: седум пациенти од Скопје (74, 78, 82, 51, 38, 60 и 64г), двајца од Куманово (76 и 67г), еден од Дебар (71г), двајца од Штип (62 и 67г), двајца од Прилеп (78 и 78г), двајца од Тетово (72 и 76г), двајца од Велес (78 и 78г), четири пациенти од Битола (71, 87, 44 и 67г), три од Охрид (65, 78 и 78г), еден пациент од Кавадарци (72г), еден од Гевгелија (56г), тројца од Кичево (47, 68 и 53г) и еден пациент од Неготино (74г).

ИЈЗ денеска регистрираше 977 новозаразени лица од корона вирусот. Тоа е утврдено при направени анализи на 2.930 тестови. Од нив констатирано е дека 843 се оздравени пациенти на ковид-19.
Дневниот корона биланс за Гевгелија и подрачјето на Центарот за јавно здравје од Гевгелија е 10 новозаразени и 14 оздравени. Вкупниот број на заразени до сега од ковид-19 изнесува 583 лица. Од тоа 216 лица и понатаму се активни на вирусот корона.

Општа Болница Гевгелија се труди да ги прошири капацитетите за напливот на позитивни пациенти кои секојдневно доаѓаат за терапија во дневниот ковид центар, но прашање на време е кој или колку од нив ќе имаат потреба на итна хоспитализација и кослородна поддршка што не се изведува во домашни услови.
Преадаптирано е дел од Интерното одделение за болничко сместување на ковид пациенти, а во невропсихијатриското одделение одамна се достигна максимумот во пополнување на капацитетите со ковид позитивни на кој им треба континуиран болнички третман.

- „Состојбата е сериозна и целиот задравствен персонал вложува надчовечки напор да го одржи системот и да ги згрижи сите пациенти. Ни претстои период во кој треба да останеме смирени и да го дадеме максимумот и како лекари и како институции“ – истакна министерот за здравство денеска на состанокот со директорите на скопските клиники на кој стана збор за можноста за отварање на нови ковид центри.

 

Last modified on Вторник, 17 Ноември 2020 - 21:42

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Same masen kuta

Misociis nulla interdum et. Cursus senectus aliquet pretium at tristique hac

Повеќе

Ukan mare tinu

Etiam vitae commodo dolor. Ut quis urna nisl. Nulla eu purus odio, at aliquet

Повеќе

Zaga tiko maze

Ceger nisl Pellentesque In id metus laoreet dignissim vel. Lacinia Sed

Повеќе

Xare makin opan

Mes pede elit nibh at risus tempus. Nulla semper ac nec sit massa In Curabitur

Повеќе

Dare makin oka

Puspen disse at libero porttitor nisi aliquet vulputate vitae at velit. Aliquam

Повеќе

Zate maki nako

Temper ac nec sit massa In Curabitur id risus sit. Non ante gravida eros quis

Повеќе

Nuka tisu mako

Duis sit amet velit quis augue sollicitudin tempus eget ut dui. Vestibulum ante

Повеќе

Seru cadin retu

Lorem ipsum dolor sit amet, consetetur sadipscing elitr, sed diam nonumy eirmod

Повеќе

Tina okun zagon

Duis sit amet velit quis augue sollicitudin tempus eget ut dui. Vestibulum ante

Повеќе

Rana casen maki

Pendisse erat dolor, dictum in interdum non, molestie at lorem. Vivamus

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.