Започна изградбата на модуларниот КОВИД центар во Гевгелија

Четврток, 19 Ноември 2020

Со средства од Светска Банка, а преку одобрена апликација на Министерсрството за здравство, поддржана од Собранието на РСМ, неделава започна изградбата на Модуларниот КОВИД-Центар во рамките на Општа Болница Гевгелија.

Први на теренот одобрен за градба на модуларниот ковид центар од Општина Гевгелија излегоа екипи на ЈПКД „Комуналец“ и „ЕВН“ од Гевгелија со цел да се изведе (ископа) систем на водоводна и канализациона мрежа поврзано со Болничката зграда и електричен довод потребен за внатрешната инсталација на модуларниот ковид центар.

Нашата екипа ги затекна на терен возилата на „Комуналец“ кои го прибираа и одведуваа шутот од ископаниот паркинг простор во кругот на Болницата каде сега е исцртан планот за изведба на водоводна, одводна и електрична инсталација и се копаат нови ровови за инсталациони цевки, кабли и сл.
Ликацијата на модуларниот ковид центар се наоѓа на паркинг просторот на северниот дел од зградата на Болницата, на улица „Ѓорѓе Стамов“, веднаш пред одделот за Брза помош.
Изведувач на градежните работи е валандовската фирма „JBT Ajt“, ангажирана од страна на Министерството за здравство. Целиот објект ќе биде со површина од 400 метри квадратни, со дел наменет за подготовк на персоналот со заштитна опрема, оддел за прием на пациенти каде ќе се зема брис и ќе се изведуваат тестови за присуство на корона вирус и согласно резултатот се упатува пациентот дали треба да остане во ковид стационарниот центар, или на друго специјалистичко лекување во Болницата.

- „Засега на терен се изведуваат работите за која е надлежна локалната самоуправа која што според договорот со Министерството за здравство треба да подготвни локација на јавен простор (тоа е паркиралиштето кај Болницата од северната страна), со пристапен пат кој постои (има улица) и инфраструктурна инсталација - довод на вода, систем за одвод и електрична енергија, кој во моментот се изведува.
Изведувачот на градежните работи за подигнување на модуларната Болница следната недела ќе ги донесе контејнерите за изградба на модуларната ковид болница. Според искуството од „JBT Ajt“ од Валандово кои за две недели ја подигнаа новата проширена Болница за Пулмологија во Скопје, со деловна сигурност најавуваат дека за две недели ковид Центарот ќе биде градежно подигнат и инсталационо приклучен на сегашниот електичен и водоводен систем со зградата на Болницата.
Ова уведување дека до средината на месец декември ќе може да профункционира модуларниот ковид Центар во Гевгелија ни' го пренесе директорот на Општа Болница Гевгелија, Митко Крџев.

Комплетната градба и опремувањето на Ковид центарот е финансиски обезбеден од Министерството за здравство. Гевгелија заедно со вкупно 16 општини во држатата со изградбата на модуларните ковид центри ќе функционираат како Регионален ковид центар како што функционираат и до сега обезбедувајќи здравствена грижа на ковид пациентите од Гевгелија, Богданци и Дојран.

Засега состојбата е стабилна. По вчерашните 11 нови ковид позитивни и 12 оздравени, Гевгелија успешно се справува со корона предизвикот.
- „На ковид одделението има пополнето 10, понекогаш 12 кревети, и за сега нема потреба од преадаптација на интерното одделение во ковид одделение, на кое што размислувавме како лекарски тим да се преорганизираме за да одговориме на потребите на граѓаните со оваа дијагноза. Интерното одделение останува за пациентите со редовната болничка слика од оваа гранка на медицината. Со отварањето на модуларниот ковид центар Болницата ќе може здравствено да третира поголем број лица, а на располагање ќе бидат 38 до 40 кревети за болничко сместување на ковид пациенти“, изјави за GevgelijaNet директорот на Општа Болница Гевгелија Митко Крџев.

Модуларниот Ковид-Центар ќе располага со мобилен рентген апарат, ЕХО, подготовка на здравствените работници, сала за прием на пациенти, одделение за болничко сместување и третирање на ковид заболените. Сета опрема е веќе набавена од Министерството за здравство.


Last modified on Четврток, 19 Ноември 2020 - 15:24

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Same masen kuta

Misociis nulla interdum et. Cursus senectus aliquet pretium at tristique hac

Повеќе

Ukan mare tinu

Etiam vitae commodo dolor. Ut quis urna nisl. Nulla eu purus odio, at aliquet

Повеќе

Zaga tiko maze

Ceger nisl Pellentesque In id metus laoreet dignissim vel. Lacinia Sed

Повеќе

Xare makin opan

Mes pede elit nibh at risus tempus. Nulla semper ac nec sit massa In Curabitur

Повеќе

Dare makin oka

Puspen disse at libero porttitor nisi aliquet vulputate vitae at velit. Aliquam

Повеќе

Zate maki nako

Temper ac nec sit massa In Curabitur id risus sit. Non ante gravida eros quis

Повеќе

Nuka tisu mako

Duis sit amet velit quis augue sollicitudin tempus eget ut dui. Vestibulum ante

Повеќе

Seru cadin retu

Lorem ipsum dolor sit amet, consetetur sadipscing elitr, sed diam nonumy eirmod

Повеќе

Tina okun zagon

Duis sit amet velit quis augue sollicitudin tempus eget ut dui. Vestibulum ante

Повеќе

Rana casen maki

Pendisse erat dolor, dictum in interdum non, molestie at lorem. Vivamus

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.