Гевгелија & корона: 23 новозаразени, 12 оздравени

Сабота, 21 Ноември 2020

Најновиот извештај на ИЈЗ укажува дека корона галопот продолжува како во државата, така и во Гевгелија и регионот на ЦЈЗ во однос 2:1 во корист на новозаразените.
Денеска Институтот за јавно здравје јавува за 23 новозаразени од коронавирус во регионот на ЦЈЗ ПЕ Гевгелија и за 12 оздравени.

Во државата корона состојбата за изминатите 24 часа е 1.237 новодијагностицирани позитивни на корона од направени 3.200 тестирања. Од нив 748 се оздравени пациенти од ковод-19.

Дневниот корона извештај за изминатото деноноќие носи и кобен исход за 39 пациенти кои починале поради компликации од ковид-19. Тао се: десет пациенти од Скопје (73, 84, 63, 61, 83, 38, 77, 76, 62 и 76г), еден од Куманово (76г), еден од Штип (51г), тројца пациенти од Прилеп (71, 57 и 56г), еден од Тетово (65г), шест од Велес (76, 59, 81, 63, 81 и 85г), пет од Битола (68, 65, 44, 76 и 69г), двајца од Охрид (54 и 63г), шест пациенти од Струмица (72, 85, 71, 54, 77 и 71г), еден од Крушево (44г), еден од Кочани (67г), еден од Кичево (67г) и еден пациент од Неготино (67г). Oд нив еден е починат вон, останатите се починати во болнички услови.

Од почетокот на корона епидемијата во државата досега се направени вкупно 306.481 тестирања на Ковид -19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 52.449, бројката на оздравени пациенти е 30.952. Вкупниот број на починати лица од ковид-19 е 1.462, а процентот на смртноста изнесува 2,78% што е испод светскиот проседк. Сепак, и понатаму остануваат вкупно активни 20.035 лица позитивни на корона.

На почетокот од вчерасниот ден Министерството за здравство информираше дека во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 826 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, слободни места има, и тоа на располагање се 120 кревети за ковид пациенти. Во Општа Болница Гевгелија на болнички третман се 9 лица во ковид одделението при Болницата. Денешниот наплив на новозаразени ќе ја промени сликата на искористеноста на болничките капациетети. Државата е во подготовка на кризна состојба и се размислува приватните болници да се стават во служба на јавното здравје во борба со ковид-19 и сместување на новите ковид пациенти во приватните болници, а надокнадата за лекувањето ќе ја плати државата.

 

Last modified on Сабота, 21 Ноември 2020 - 05:30

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Same masen kuta

Misociis nulla interdum et. Cursus senectus aliquet pretium at tristique hac

Повеќе

Ukan mare tinu

Etiam vitae commodo dolor. Ut quis urna nisl. Nulla eu purus odio, at aliquet

Повеќе

Zaga tiko maze

Ceger nisl Pellentesque In id metus laoreet dignissim vel. Lacinia Sed

Повеќе

Xare makin opan

Mes pede elit nibh at risus tempus. Nulla semper ac nec sit massa In Curabitur

Повеќе

Dare makin oka

Puspen disse at libero porttitor nisi aliquet vulputate vitae at velit. Aliquam

Повеќе

Zate maki nako

Temper ac nec sit massa In Curabitur id risus sit. Non ante gravida eros quis

Повеќе

Nuka tisu mako

Duis sit amet velit quis augue sollicitudin tempus eget ut dui. Vestibulum ante

Повеќе

Seru cadin retu

Lorem ipsum dolor sit amet, consetetur sadipscing elitr, sed diam nonumy eirmod

Повеќе

Tina okun zagon

Duis sit amet velit quis augue sollicitudin tempus eget ut dui. Vestibulum ante

Повеќе

Rana casen maki

Pendisse erat dolor, dictum in interdum non, molestie at lorem. Vivamus

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.