Топ Новости >

Што наследуваат децата од татковците

  • Среда, Фев 21 2018

{flike}


Од сите случајни наследни сличности само четири особини се директно наследени од татковците, а за тоа се пресудни гените.

Честопати велат:„ Убав на мама, паметен на тато“, ама тоа не е правило, туку изречена желба за новиот член на семејството каде традиционално мајката ја претставува убавината, а таткото силата, а до пред некој век кога таткото беше единствен сопственик на имот и со паво да стопанисува и приходува и паметта ја препишуваа како особина на таткото.

Но, научниците имаат научни одговори кои се различни од традиционалните мислења во семејните средини. Пред се' децата се вистинско мало чудо. Тие претставуваат минијатурна верзија на своите родители, каде најбитно е поврзувањето на хромозомите и кои генетски информации ќе ги пренесе одреденот пол од родителите кон новозачнатиот живот. 

И додека по игра на случајот, одредени работи ќе ги наследат од мајката, постојат четири карактеристики, коишто зависат првенствено од таткото. Така барем тврдат истражувачите.

Еве кои се тие:

1. Полот
Во моментот кога сперматозоидот ќе ја оплоди јајце клетката, се одредува полот на бебето. Плодот од својата мајка секогаш го наследува Х хромозомот, додека, пак, од таткото може да наследи Х или Y хромозом, во зависност од тоа каков генетски материјал носи сперматозоидот што прв ќе ја оплоди јајце клетката.

Ако при оплодувањето на јајце клетката се создаде зигот кој ќе поседува два икс хромозоми (ХХ), тогаш плодот ќе биде од женски пол. Доколку, пак, зиготот има XY хромозоми, плодот ќе биде од машки пол.

Значи, плодот го добива полот, зависно од тоа дали сперматозоидот кој ќе ја оплоди јајце клетката ќе носи Х или Y хромозом. Оттука, слободно може да се каже дека татковците се главни „виновници“ за полот на детето.

2. Рефлексното кивање поради светлина
Ако секојпат кога ќе погледнете во запалена сијалица, или, пак, кон сонцето ви се јавува потреба да кивнете, тоа најверојатно сте го наследиле од таткото.

„Апчиха“ феноменот при кој луѓето киваат штом се изложени на ненадејна силна светлина, се претпоставува дека засегнува од 18 до 35 проценти на светската популација.

А, како најодговорни за ваквиот рефлекс се наведуваат токму гените.

3. Отпечатокот од прстите
Отпечатоците од прстите се една од најуникатните карактеристики, по кои секој човек се разликува од останатите луѓе. Тие се специфични, односно нешто кое е потполно единствено, па не постојат две единки со идентични отпечатоци.

Сепак, тие на децата ќе бидат послични на отпечатоците од татковците, одошто на мајките.

Иако детето нема во целост да ги наследи татковите отпечатоци, тоа може да наследи одредени линии кои се појавуваат во отпечатокот од прстот на таткото.

4. Далтонизам
Далтонизмот е ретко нарушување, кое претставува неможност за разликување на некои или на сите бои.

Слепилото за бои се јавува главно кај мажите. Зафатени се приближно 5% од светската популација, а 20 пати e повообичаен кај машкиот, отколку кај женскиот пол.

Mнозинството природно го носат генетскиот дефект во себе, па најчесто го пренесуваат и на своето потомство.

 

Интелигенцијата. Е, за тоа треба да и' заблагодарите на мајката и способноста на женскиот хромозом да ги „собере“ најважните информации од генетскиот код за своето потомство.

 


Коста Солев Рацин - 75 години со неговата поезија

Денес се навршуваат 75 години од смртта на поетот, револуционер  и филозоф Коста Солев Рацин

Повеќе

Стратегијата за ментално здравје започнува од ПЗУ Психијатриска Болница Негорци

Државниот секретар на Министерството за здравство д-р Владимир Милошев, денеска ја посети ПЗУ Психијатриска Болница Негорци и најави почеток на Стратегијата за превенција на менталното здравје

Повеќе

Филипче: Ќе има измени во законот за абортус

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска најави дека со Министерството за труд и социјала прават рамка за подобрување на правата на жените

Повеќе

Полнети пилешки гради

Нов рецепт за изненадување на домашните со нов изглед и подготовка 

Повеќе

Природен лек против алергија

Со билка која расте слободно во природата, дури и во дворовите

Повеќе

Училница - Sit down comedy

Дејан Малзарков на сцената на Народниот театар во Гевгелија

Повеќе

Македонско лекарско друштво со признание за Д-р Дојранлиев

Гевгелискиот доктор Педијатар специјалист Ице Дојранлиев, единствен претставник од асоцијата на приватни лекари на Македонија е добитник на признание за особен придонес во пружењето на квалитетни

Повеќе

Еретички писма- нов роман на Стефан Марковски

Младиот гевгелиски поет и прозаист со нов книжевен запис, романот „Еретични писма“ во издание на Издавачкиот центар „Три“ од Скопје

Повеќе

Франкофонијата и пријателството

Изложба на цртежи во галеријата „Амам“

Повеќе

Дизајнерите откриваат каква венчаница одбра идната принцеза

БИДЕО: Венчаницата на Меган во споредба со венчаниците на Дајана и Кејт

Повеќе

 


 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Објавена продажба на градежни парцели во Гевгелија

Десет парцели за индивидуално домување и една парцела за лесна индустрија во Гевгелија се објавени на продажба по пат на електронско јавно наддавање

Повеќе

Комарците помилувани на неодредено време

Поради лошото време одложено прскањето против комарци во целиот Југоисточен регион

Повеќе

Етничките македонци во Грција се радуваат на Договорот

Селцас е пратеник во грчкиот Парламент од Лерин и вели дека Македонците во Грција се радуваат на договорот

Повеќе

Потпишан Договорот меѓу Македонија и Грција

ВИДЕО: Потпишувањето на конечниот договор за решавање на македонско-грчкиот спор за името и за стратегиско партнерство

Повеќе

И во грчкиот Парламент се прозбори на македонски јазик

Пратеник на СИРИЗА се обрати на Македонски јазик, на костурски дијалект во грчкиот парламент

Повеќе

Четири ленти колона на ГП Богородица

Продолжениот празничен викенд ја зголеми фреквенцијата на патници и возила на Граничниот премин „Богородица“

Повеќе

Во недела 17 јуни - прво авио прскање против комарци

Недела 17.06.2018 година, десетте општини од Југоисточниот плански регион ќе добијат заедники закажан третман против комарци 

Повеќе

Пожарната во Гевгелија со проширен возен парк

Дирекцијата за заштита и спасување на РМ во соработка со Владата на РМ денес на ТППЕ Гевгелија донираше специјално теренско возило за локализирање и гаснење на пожар на отворен простор и едно

Повеќе

Прес на Влада: ДА, за македонската иднина!

Заев: Имаме историско решение со кое го јакнеме идентитетот македонски, да кажеме ДА за македонската иднина!

Повеќе

Од синоќа поевтинија горивата

Во прилог новите цени

Повеќе

 
 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.