Топ Новости

Македонско лекарско друштво со признание за Д-р Дојранлиев

Недела, 20 Мај 2018

Гевгелискиот доктор Педијатар специјалист Ице Дојранлиев, единствен претставник од асоцијата на приватни лекари на Македонија е добитник на признание за особен придонес во пружењето на квалитетни здравствени услуги на граѓаните од страна на Македонското лекарско друштво

 


Гевгелискиот доктор Педијатар специјалист Ице Дојранлиев, единствен претставник од асоцијата на приватни лекари на Македонија е добитник на признание за особен придонес во пружењето на квалитетни здравствени услуги на граѓаните од страна на Македонското лекарско друштво (МЛД).

Ова деновиве го објави специјализираното списание „Лекарски весник“ број 93 од април 2018 година каде што се наведени добитниците од лекарската фела по повод Светскиот ден на здравјето, наградени од Македонското Лекарско друштво.

На денот на здравјето 7-ми април, кој е меѓународен празник на Светската здравствена организација, годинава беа доделени плаќети, дипломи и благодарници за особен прионес во остварувањето на квалитетни здравствени услуги.

Фото: Насловната страница од „Лекарски весник“ бр. 93 е посветена на одбележувањето на Светскиот ден на здравјето и наградите на здравствените работници од Македонското Лекарско Друштво

Доктор Педијатар - специјалист Ице Дојранлиев, основач на ПЗУ „Д-р Дојранлиев“ е единствен добитник на такво признание од Гевгелија. Претседателката на асоцијацијата на приватни лекари, Д-р Лили Дервишева му честиташе на доктор Дојранлиев што тој е прв од приватните лекари кој добива вакво признание од МЛД изразувајќи задоволство што врните стручњаци од здравствената фела го ценеле и вреднувале трудот на приватните лекари во Македонија.

Д-р Дојранлиев зад себе има тридецениско работно искуство. По дипломирањето на Медицинскиот Факултет во Скопје и положениот лекарски испит обавувал тригодина доброволна работа во гевгелиската болница за да биде поблиску до праксата. Првото вработување му е во „Општа болница“ Гевгелија каде 15 години е дел од носечкиот тим лекари на Брза помош. Во 2005 година ја основа Приватната здравстена установа „Д-р Дојранлиев“ каде како лекар специјалист педијатар и матичен лекар нуди здравствени услуги за сите возрасти.
Поради недостаток на педијатри во моментот е ангажиран за обавување на итни специјалистички прегледи во Детското одделение при „Општа болница“ Гевгелија и Неонатологија при Гинеколошкото одделение во гевгелиската болница.
За време на бегалската криза која ја задеси и Македонија, како дел од транзитната рута до западно европските земји, Д-р Дојранлиев беше ангажиран од Црвениот крст на Македонија како лекар во Прифатниот центар „Винојуг“ на југот од македонската граница со Грција.

 

Фото: Д-р Ице Дојранлиев на своето вообичаено работно место во амбулантата при ПЗУ „Д-р Дојранлиев“

Фото: Д-р Дојранлиев во здравствената амбулантата во просториите на Прифатниот центар за бегалци „Винојуг“ сместен на јужната граница на Македонија со Грција

Наградите ги врачи Министерот за здравство на РМ Доцент Д-р Венко Филипче кој заедно со честитките за добитниците ги сподели определбите на Владата дека здравството има големо значење во реформската агенда на овој владин состав.

Пред многубројните гости кои го проследија настанот се обрати и претседателот на македоснкото лекарско друштво Доцент Д-р Горан Димитров. Тој потсети дека македонското лекарско друштво чекори во својата 74 година од свото постоење и активност. Формирано е од неколкумина ентузијасти на 12.08.1945 година кои медицинските факултети ги завршиле на Сорбона, Виена и на германските универзитети и оттогаш успешно го активирале Македонското лекарско друштво. Димитров истакна дека организацијата на лекари во Македонија била првата регистрирана асоцијација во тогашната книга на регистарот на Социјалистичка Република Македонија.

За ангажманите на МЛД Претседателот Димитров истакна дека минатата година организирале над 70 големи стручни - научни настани и околу 40 помали во кои учествувале повеќе од 220 странски и над 400-тини домашни предавачи.

 

Last modified on Недела, 20 Мај 2018 - 13:49

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Јане Велковски од Македонија ќе учествува преку УНИЦЕФ на самит на ОН

Единаесет годишниот Јане Велковски, кој е застапник на деца со попреченост од

Повеќе

Ученици собраа 53,2 кг пластичен отпад од „Илинденска“ во Гевгелија

Екоакцијата организирана на крајот од работната недела во Гевгелија на улица

Повеќе

Во декември почнува „Мој ДДВ – Моја Награда“ со награден фонд од половина

Две главни награди, но и доделување на дневни и месечни награди со вкупен

Повеќе

Ветинг во судството вети Заев на граѓанска трибина во Велес

По низата реакции во јавноста за застарените судски случаи кои судот ги

Повеќе

Средба на борците од Кленоец и Гевгелиски членови на СЗБ од НОБ

Во чест на народниот херој Јосиф Јосифовски Свештарот кој е по раѓање

Повеќе

Еденипол часовен протест на судската администрација во Гевгелија

Триесет и тројца вработени во Основен суд Гевгелија со работен статус „судска

Повеќе

Иницијатива за незастарување на кривични дела направени од функционер

Екпертите со иницијатива: Кривичните дела сторени од функционери да не

Повеќе

Изгласана минимална плата од 14.500 денари во Собранието

Попладнево пратениците во републичкото Собрание го изгласаа Законот со кој

Повеќе

Агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските посеви во Гевгелија

Со проект на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, каде припаѓа и

Повеќе

Од утре, 15 ноември, задолжително поседување на зимска опрема за возилата

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека во периодот од

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.