Топ Новости

Стратегијата за ментално здравје започнува од ПЗУ Психијатриска Болница Негорци

  • Четврток, Јун 07 2018

 


Државниот секретар на Министерството за здравство д-р Владимир Милошев, денеска ја посети ПЗУ Психијатриска Болница Негорци и најави почеток на Стратегијата за превенција на менталното здравје 2018-2025.

При посетата на Болницата, тој во разговор со своите колеги доктори во Јавната здравствена установа во Негорци, направи увид и анализа на актуелната состојба во Болницата и теренска обиколка на одделенијата за третаман на болните со цел да се увери за постојните услови кои ги имаат пациентите сместени во ЈЗУ „Псиијатриска Болница Негорци“.

- „Посебен повод е започнувањето на Стратегијата за превенција на менталното здравје од страна на Министерството за здравство на РМ за периодот 2018 -2025 година, која што треба да влезе во Владина процедура. Основна цел на оваа Стратегија ќе биде превенција и унапредување на условите за лекување на лицата кои што страдаат од ментални и душевни растројства. Без разлика на полот, возраста, верската и национална припадност, без разлика на семејниот статус на овие лица, со оваа Стратегија ќе овозможиме соодветен третман на овие лица во јавните здравствени установи кои се занимаваат со оваа проблематика“, истакна државниот секретар на Министерството за здравство на РМ.



Доктор Милошев пред медиумите истакна дека во рамките на Стратегијата веќе се обезбедени материјални, кадрови и финансиски ресурси кои ќе се спроведуваат согласно планските рокови.

- „Имаме планирано изградба на нови Центри за ментално здравје, како и обезбедено финансиски одржлив стабилен систем за финансирање на овие јавни здравствени установи, се' со цел обезбедување на соодветни услови за третман на овие пациенти“.
Во однос на ЈЗУ Психијатриска Болница Негорци тој најави дека Министерството за здравство веќе даде согласност за вработување на тројца специјалисти психијатри и двајца доктори на медицина кои би биле упатени веднаш на специјализација и останатиот кадар кој што е усогласен со барањата на раководството на оваа Болница.

Со ова значајно се подобруваат условите за работа и третманот на пациентите во ЈЗУ „Психијатриска Болница Негорци“ каде моментално има згрижено 220 пациенти под стручна медицинска надлежност на 6 доктори специјалисти психијатри. Недостаток на стручен медицински кадар придонесуваше специјалистите на секои четири дена да обавуват 24 часовни дежурства, што е оптеретување за кадарот кој и онака има висока старосна структура, но со долгодецениски работен стаж во областа на психијатријата.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

ПДС на САД до Мицковски: Разочарани сме од ВМРО-ДПМНЕ

Вес Мичел, Помошник државен секретар за Европа и Евроазија при Стејт

Повеќе

Ноќеска во тунелот Демир Капија-Смоквица ќе се вози по една лента

Во терминот од 23 до 00 часот ќе се вози по една сообраќајна лента, јавува

Повеќе

Шест населени места утре без струја

Кованец, Серменин, Конско, Ума, Смрдлива вода и Ски центарот „Кожуф“ утре без

Повеќе

СЈО со жалба бара притвор за Главчев и Димитровски

СЈО и понатаму бара притвор за Ратко Димитровски, сопственик на печатницата

Повеќе

СЈО со нова истрага „Поштенска Банка“

СЈО бара притвор за Димитровски, Главчев и Смилевски осомничени во новата

Повеќе

Асфалтирани три улици во Миравци

Вчера асфалтна постилка доби и улицата „Елена Минчев“ во должина од 130 метри,

Повеќе

Гевгелија го чествува 11-ти Октомври

Денот на македонското востание одбележан со полагање свежо цвеќе на Спомен

Повеќе

СЈО со нови 6 истраги

Подарок, Пропаганда, Дизајн, Хармонија, Базни станици, Пациент, се новите

Повеќе

Нов притвор за криумчар на мигранти

На регионалниот пат Негорци - Прдејци во близина на „Психијатриската болница

Повеќе

11 Октомври - Неработен ден за сите граѓани на Република Македонија

Денот на народното востание, е неработен ден за сите граѓани на  Република

Повеќе

 
 

 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.