Пораст на интервенциите за мозочни и срцеви удари

  • Среда, Јул 04 2018

 

Екипи на Брзата помош дневно интервенираат на 15 до 20 повици кај пациенти со нарушено здравје поради промената на температури, покачен крвен притисок, а расте бројот на повици и за симптоми на мозочни удари.

Овој период поради промена на температурите екипите на брзата помош имат повеќе работа. Лекарите советуваат да се почитуваат препораките.

Еден ден топло, нареден ден температурите помали и за 15 степени. Сето тоа влијае врз врз здравјето на луѓето.

Драстичните промени на температурите во претходните денови и големата влага, влијаеја врз бројот на пациенти со срцев удар. Најопасен е преминот од ладно на топло време, предупредуваат лекарите.

Лекарите велат дека ваквото време може да биде погубно за сите срцеви болни и покрај инфаркт може да дојде до покачување на притисокот и мозочен удар.

-„Промената на времето секако влијае врз хронично болните. Наглите промени на температурите се најпогубни за кардиоваскуларните болести, па затоа значително е зголемен бројот на случаи со срцеви и мозочни удари, висок притисок, промена на срцевиот ритам. Само во изминатите 2-3 недели со променливото време во Гевгелиската Општа Болница зголемен е приемот на пациенти со мозочен и срцев удар за 20%. Од друга страна, исклучително зголемената влага во воздухот штети на оние кои имаат проблеми со белите дробови, особено на оние кои имаат астма“- велат од гевгелиската Болница.

Високата температура во комбинација со влажност во воздухот ги шири крвните садови и тогаш доаѓа до опаѓање на крвниот притисок (хипотензија). Притисокот при хипотензија е толку низок што протокот на крвта не обезбедува доволно храна до мозокот, срцето и бубрезите, па може да доведе до нивно трајно оштетување, мозочен, или срцев удар. Кога температурите се изразито ниски, срцето почнува брзо да работи, бидејќи мора да однесе повеќе крв и кислород до сите делови од телото. Во тие случаи доаѓа до замор на срцето.

-„Сите хронично болни, особено оние кои имаат срцеви проблеми, мораат да водат сметка кога се надвор на екстремно високи температури и обратно, особено кога има чести нагли промени. За нив тогаш е најдобро да останат дома и да мируваат, без стрес, конзумирајќи повеќе течности и лесна храна“- предупредуваат лекарите.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Дојран на 38-от меѓународен саем за туризам во Белград

Општина Дојран и тамошните угостители годинава  од 21 до 24 февруари се

Повеќе

Два инциденти во Затворот Шутка

Притворените екс министри Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски денеска во

Повеќе

Груевски ја ставил партијата во функција на настаните од 27 април

ОЈО: Осомничениот Н.Г. како тогашен претседател на политичка партија преку

Повеќе

Манчевски: Да се повлечат блиските на функционерите и од власта и од опозицијата

Ургентно решение за надминување на проблемот со непотизам при вработувањата е

Повеќе

ОЈО ги сомничи Груевски и Вељановски за Крвавиот четврток

Вељаноски и Груевски - осомничени за терористичко загрозување на уставниот

Повеќе

„Антикоцкање“ бара дислокација на казината и обложувалниците

Владата ќе го разгледува барањето на граѓанското движење за дислокација на

Повеќе

Со 60,6 милиони денари Општина Гевгелија ќе ги раздолжува наследените долгови

Буџетска дотација од Владата на Македонија за раздолжување на наследените

Повеќе

Граѓанскиот сектор со буџетска поддршка за 2019

Шеснаесет граѓански организации ќе добијат буџетска дотација во вредност од

Повеќе

Продолжуваат изведбените работи на патот Гевгелија-Негорци

Механизацијата на изведувачот „Жикол“ е на терен за гребење на асфалтот од

Повеќе

Бензинот поскапува, дизелот не

Регулаторна одлучи - од ноќеска поскапува бензинот

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.