Топ Новости

МЗ за смртта на родилката Савиќ од Гевгелија

  • Четврток, Јул 19 2018

 

Министерството за здравство денеска се огласи со соопштение во врска со смртта на гевгеличанката Елизабета Динева Савиќ. Во соопштението се вели:

„Министерството за здравство е запознаено со случајот на 31-годишната родилка која била донесена од Општа болница Гевгелија петтиот ден по породување поради епилептични напади од непознато потекло во Клинички Центар Скопје.
Од КАРИЛ информираат дека е примена во исклучително тешка состојба и е постапено согласно сите протоколи, направени се сите иследувања, но по две недели во кома починала и телото е предадено на обдукција.
Со оглед на тоа што донесена е во Клинички Центар пет дена по породувањето потребно е да се почека обдукцискиот наод и да не се шпекулира дека е смртта поврзана со породувањето.
Државниот санитарен и здравствен инспекторат постапува во рамки на своите надлежности. Со вонреден инспекциски надзор се постапува во болницата во Гевгелија и кај матичниот гинеколог“, се вели во денешното соопштение на Министерството за здравство во случајот со починатата родилка од Гевгелија.

Гевгеличанката Елизабета Савиќ-Динева (31) вчера беше погребана во Гевгелија, откако почина на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) во Скопје, каде била префрлена откако ѝ се искомплицирала здравствената состојба по породувањето на 29 јуни.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Собранието донесе одлука за уставни измени со 80 гласови

Доцна вечерва две третини од пратениците ги поддржаа уставните измени и со тоа

Повеќе

Гевгелија и Богданци викендов без струја

Десет часовен дводневен прекин заради неопходни интервенции најавуваат од ЕВН

Повеќе

Метју Палмер во понеделник доаѓа во Македонија

Функционер на САД во дипломатска мисија пред македонското исполнување на

Повеќе

Пресудата за Груевски стаса до Кривичен

Казната затвор од 2 години потврдена од Апелација денеска пристигна во Кривичен

Повеќе

Гевгелија и околината без електрично напојување

ЕВН - КЕЦ Гевгелија за петок 19 октомври најавува нов прекин на електично

Повеќе

ПДС на САД до Мицковски: Разочарани сме од ВМРО-ДПМНЕ

Вес Мичел, Помошник државен секретар за Европа и Евроазија при Стејт

Повеќе

Ноќеска во тунелот Демир Капија-Смоквица ќе се вози по една лента

Во терминот од 23 до 00 часот ќе се вози по една сообраќајна лента, јавува

Повеќе

Шест населени места утре без струја

Кованец, Серменин, Конско, Ума, Смрдлива вода и Ски центарот „Кожуф“ утре без

Повеќе

СЈО со жалба бара притвор за Главчев и Димитровски

СЈО и понатаму бара притвор за Ратко Димитровски, сопственик на печатницата

Повеќе

СЈО со нова истрага „Поштенска Банка“

СЈО бара притвор за Димитровски, Главчев и Смилевски осомничени во новата

Повеќе

 
 

 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.