Топ Новости

Заменик министерот за здравство Муса ги обвини родителите за нетретирање на децата со дијабет

  • Среда, Јул 25 2018

 

Заменик-министерот за здравство, Асим Муса е уверен дека нема пропуст во лекувањето на трите деца со дијабет. Иако не е завршен инспекцискиот надзор, Муса гледа пропуст во однесувањето на родителите кои навреме не гио однеле своите деца на лекар. Состојбата се алармираше со три деца од внатрешноста кои завршија на КАРИЛ (Клиника за анимација, реанимација и интензивно лекување) при Медицинските клиники во Скопје, а едно од критичните беше и деветгодишник од Гевгелија, кој сега е во стабилна здравствена состојба.

- „Не е точно дека не се соодветно лекувани и дека е задоцнето лекувањето. Детето е однесено во болницата во Охрид и таму е откриено дека има дијабетес и веднаш е почнато со лекување. Детето дотогаш во таа состојба било дома и во таа состојба е однесено во болница. Родителите забележале дека не е во ред, но детето неколку дена одбивало да оди на лекар, па потоа го однеле“, рече Муса.

 

Муса додаде и дека задравствената состојба на детето од Охрид се подобрува.

- „Денеска бев и ја видов паџиентката што е на КАРИЛ, таа е стабилна, состојбата се подобрува, таа е при свест и при крајот на денот ќе биде интубирана. Сите три случаи се новооткриени, првпат отишле на лекар за својата здравствена состојба и во матичните установи било откриено дека имаат дијабетес, но во согласност со правилата, бидејќи се деца, тие се испратени на Клиниката за детски болести, каде што најстручно се третираат“, рече тој.

– „За да едно дете дојде во состојба на кетоацидоза треба подолг период“, додаде Муса.

Ендокринологот Марина Крстевска Константинова од Детската клиника рече дека има знаци за дијабетес кои и семејствата и лекарите мора да ги препознаат, а тоа се зголемено мокрење, пиење многу вода, јадење премногу и слабеење.

– „Планираме од септември да спроведеме едукативна програма и заедно со здруженијата да едуцираме и граѓани, по школи, градинки со цел најлесно да се препознаат децата кои се под опасност да развијат дијабетес тип 1, додаде ендокринологот д-р Крстевска Константинова.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Собранието донесе одлука за уставни измени со 80 гласови

Доцна вечерва две третини од пратениците ги поддржаа уставните измени и со тоа

Повеќе

Гевгелија и Богданци викендов без струја

Десет часовен дводневен прекин заради неопходни интервенции најавуваат од ЕВН

Повеќе

Метју Палмер во понеделник доаѓа во Македонија

Функционер на САД во дипломатска мисија пред македонското исполнување на

Повеќе

Пресудата за Груевски стаса до Кривичен

Казната затвор од 2 години потврдена од Апелација денеска пристигна во Кривичен

Повеќе

Гевгелија и околината без електрично напојување

ЕВН - КЕЦ Гевгелија за петок 19 октомври најавува нов прекин на електично

Повеќе

ПДС на САД до Мицковски: Разочарани сме од ВМРО-ДПМНЕ

Вес Мичел, Помошник државен секретар за Европа и Евроазија при Стејт

Повеќе

Ноќеска во тунелот Демир Капија-Смоквица ќе се вози по една лента

Во терминот од 23 до 00 часот ќе се вози по една сообраќајна лента, јавува

Повеќе

Шест населени места утре без струја

Кованец, Серменин, Конско, Ума, Смрдлива вода и Ски центарот „Кожуф“ утре без

Повеќе

СЈО со жалба бара притвор за Главчев и Димитровски

СЈО и понатаму бара притвор за Ратко Димитровски, сопственик на печатницата

Повеќе

СЈО со нова истрага „Поштенска Банка“

СЈО бара притвор за Димитровски, Главчев и Смилевски осомничени во новата

Повеќе

 
 

 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.