Топ Новости

ДСЗИ: Нема грешка во лекувањето на четирите деца со дијабет

  • Понеделник, Јул 30 2018

 

Кај сите четири хоспитализирани деца дијабетесот бил откриен откако им се влошила состојбата и биле донесени во болница, покажува инспекцијата на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) кој ги посети нивните матични лекари.

Станува збор за две деца со дијабетес мелитус тип 1 од Охрид, едно од Гевгелија и едно од Свети Николе.

– „Извршени се вонредни инспекциски надзори кај матичните доктори на децата при што од увидот е констатирано дека на сите четири деца за прв пат им е дијагностициран дијабет по последното влошување на здравствената состоја поврзана со хоспитализацијата на клинките во Скопје“ – велат од Министерството за здравство.

Од првичниот увид во медицинската докуменација водена за децата, ДСЗИ костатирал дека сите посети на децата кај матичените лекари, како и посетите во останатите здравствени установи, главно се уредно евидентирани.

Дијабетес мелитус тип 1 е најчесто автоимуно заболување кое се карактеризира со деструкција на бета клетките на панкреасот при што доаѓа до комлпетен недостиг на инсулин. Според Здравство, една третина од новодијагностицираните деца со дијабетес мелитус тип 1 се примаат во кетоацидозна состојба која бара интензивна терапија.

Децата обично пројавуваат симптоми на зголемен внес на течности, зголемено мокрење, зголемен внес на храна, слабеење и стомачни болки, една до четири недели пред да им биде поставена дијагнозата.

„Имајќи го предвид наведеното, водењето на децата од страна на матичните лекари, како и од страна на здравствените работници во болничките установи, е согласно упатствата и протоколите за Медицина базирана на докази. Нашата држава спаѓа во земјите со мала/средна инциденца во однос на појавата на дијабет кај деца. Во последните години постои тренд на зголемување на бројот на заболените кое е во согласност со светските трендови“, се додава во соопштението од Министерството за здравство.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

10 декември - Светски ден на човековите права и Ден на полициска превенција

Општина Гевгелија домаќин на Свечена седница на локалните совети за превенција

Повеќе

Јавна расправа по нацрт Буџетот на Општината за 2019

Основниот финансиски документ на општина Гевгелија за наредната 2019 година е

Повеќе

Оглас за вработување на воспитувачки во градинки

МТСП на оглас бара 30 воспитувачи/ки кои ќе се вклучат во програмата за

Повеќе

Влатко Видимче нов претседател на ОО на СДСМ Гевгелија

Изборот на Видимче за претседател на Општинската организација на СДСМ е извршен

Повеќе

Протести во Белград

Под слоганот „Стоп на крвавите кошули“ вечерва започна протест во Белград пред

Повеќе

Македонија го празнува Св.Климент Охридски

8-и декември - неработен ден во чест на делата на просветителот Свети Климент

Повеќе

Проширена мрежата за јавно осветлување во Општина Богданци

Поставени се 55 нови бандери и 89 нови светилки во Богданци, Стојаково, Ѓавото

Повеќе

Се асфалтира патот Гевгелија-Негорци

Асфалтна постилка за патната делница Гевгелија-Негорци долга 6,5 километри веќе

Повеќе

60 години образовна дејност - ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Подготвена свечена културно-уметничка програма со наслов „И ние сме Мисирков“

Повеќе

Владата исплати 60,7 милиони денари финансиска помош на општина Гевгелија

Поцков: Средства во износ од 60.700.000 денари Владата на РМ одобри за

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.