Топ Новости

Со донации подобрени условите за престој во Детското одделение при Општа Болница Гевгелија

  • Понеделник, Авг 13 2018

 

Здравствената грижа за децата и новиот подмладок бил секогаш императив за стручњаците од својата област, а тоа се здравствените работници, специјалисти, лекари, совесни професионалци по својата дадена Хипократова заклетва.

Деновиве со ангажман на дузина професионалци, предводени на иницијатива на доктор Ице Дојранлиев, специјалист педијатар, обновени се и подобрени условите за престој во Детското одделение при Општа Болница Гевгелија.
Донирани се болнички апаратури и уреди за правилна дијагностика и навремена интервенција на децата кои престојуваат во детското одделение при Јавната здравствена установа во Гевгелија.

Ангажманот има своја посебна вредност бидејќи не претставува оптеретување на здравствениот буџет, туку се работи за менаџирање на ресурси од локалната средина и бизнис заедницата со цел подобрување на здравствениот третман потребен на децата при нивен неопходно болничко згрижување.

На повикот за соработка упатен од Приватната здравствена установа „Д-р Ице Дојранлиев“ со свој донаторски прилог се јавија компаниите
- Princess Hotel and Casino KINGS
- HIPP - Скопје
- Casino Flamingo Hotel
- Spider Net- Гевгелија
- Medis - Скопје
- 4U Pharma - Скопје
- Bipharm - Скопје
- Marti Alko - Битола
- Replek Pharm - Скопје
- Rollplast - Alduzo - Гевгелија
- Korona Internacional - Гевгелија.

 

Донирани се два инхалатори, една дигитална вага, три климатизери, четири телевизори, со приклучок за кабловска и интернет, еден фрижидер, комарници за сите детски соби, 10 одела за медицинските сестри кои работат на одделението. Посебно се донирани и опрема за Неонатолошкото одделение при гевгелиската Гинекологија, и тоа: еден Пулс оксиметар и две дигитални ваги, зошто од овде доаѓа новиот живот и членовите на нашата заедница, кои треба да бидат пречекани и одгледувани во здрави услови.

Директорот на Општа Болница од Гевгелија, д-р спец. психијатар Митко Крџев на посебен начин се заблагодари до сите донатори за нивната покажана општествена одговорност и ангажираност во подобрувањето на функционалните услови во детското одделение, неопходно за правилен развој на најмладите членови на локалната општествена заедница, доделувајќи благодарници за сите донатори. Посебно место завзеде благодарноста кон акцелераторот на оваа донаторска мисија на локалните компании и фармацевстки куќи од државата, спроведена од Д-р Ице Дојранлиев, како иницијатор и обединувач на донаторските компании со Јавната здравствена установа во Гевгелија. Претседателот на Управниот одбор на ЈЗУ „Општа Болница“ Гевгелија, спец. хирург Александар Киров со признание за соработката помеѓу јавниот и приватниот здравствен сектор кога е во прашање здравјето на децата, нашите идни општествени чинители.

Д-р Ице Дојранлиев е спец. педијатар сопственик на Приватна здравствена установа, „Д-р Дојранлиев“ кој по договор со Болницата ги опслужува пациентите во Детското одделение при ЈЗУ „Општа Болница“ Гевгелија, и неонатолошкото одделение при гевгелиска Гинекологија, веќе две години. Знаејќи дека на децата им требаат современи уреди, апаратури, инхалатори, според патологијата на болести кои најчесто бараат интервенции при одделението, се впушти во соработка со ЈЗУ за подорување на опременоста и функционалноста на одделението, со донаторски ангажман на бизнис заедницата.

На детското одделение во Гевгелиската болница годишно болнички третман и згрижување побарале и добиваат над 500 деца. Само годинава во првите шест месеци на лекување биле згрижени 240 деца. Од нив најчесто со респираторни и гастроинтестинални инфекции. Екипата здравствен персонал од Детското одделение го опслужува и неонатолошкото одделение при Гинекологија, како и службата за вакцинации.

Здравјето секогаш бара грижа и професионален третман. А, кога грижата за пополнување на здравствениот буџет се сподели со локалната заедница и кога ќе добиете потврден одговор и задоволувачки фит бек, тоа значи дека заедницата ја прифаќа и цени Вашата работа и Ве наградува со свои донации за да ја продолжите здравствената мисија за доброто на сите на кои тоа им треба.
Таква мисија гевгеличани покажаа кога се придружија и позитивно одговорија на повикот за донации за опремување на Итната медицинска помош во Гевгелија, од тогашниот нејзин раководител Д-р Ице Дојранлиев во 1999 година. Екипата стана мобилна не само со возила туку и со мобилна телефонска линија достапна насекаде на теренот што го опслужуваше, во реонот на трите општини Гевгелија, Богданци и Дојран. Во истата година организирана е и дислокација на Итната медицинска помош во нови простории кај Булевар „Гевгелија“ каде беа обезбедени донации за опремување на просториите со неопходна медицинска опрема, од страна на локални фирми и компании, во вредност од 25.000 марки. На отварањето на новите простории на Брзата помош во далечната 1999 година на 8 септември присуствуваше и заменик министерката за здравство, гевгеличанката Катерина Каракабакова.

Соработка и општествена ангажираност на локалниот бизнис сектор во корист на општествената заедница е апсолвирано од страна на здравствените специјалисти и менаџери во гевгелискиот здравствен сектор, кои се мајстори во звојот „занает“, шират добри дела и привлекуваат добрина и донации од благодарната заедница.

Да го следиме и ние примерот за добрина со благодарност за сите нив!

Фото: Детското одделение во гевгелиската Болница беше реновирано и опремувано и со претходни донации од гевгелискиот светски бизнисмен, добродетел и хуманист Ралев и од Јапонската Амбасада во РМ. Во знак на благодарност Болницата постави Плакети за нивниот хуман чин на влезот од Детското одделение. Деновиве, до нив е поставена Плакета за благодарност до новата дузина донатори и добродетели за гевгелиското јавно здравство посветено за децата


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

„Дојран – Туристички бисер на Југоисточна Македонија“

Меѓународен грант од 1,5 милиони евра за општина Дојран одобри Европската

Повеќе

Опозицијата во Унгарија бара Груевски да биде екстрадиран во Македонија

Унгарските опозициски партии ја повикаа Владата на Унгарија да го уапси и брзо

Повеќе

Објавен меѓународен тендер за регулација на коритото на Сува река

Општина Гевгелија минатата недела го објави првиот меѓународен тендер во овој

Повеќе

МВР со постапка за меѓународна потерница за Груевски

Попладнево, Министерството за внатрешни работи започна постапка за распишување

Повеќе

Груевски се јави

Жив и здрав е и во Будимпешта е

Повеќе

Започна реконструкцијата на патот Гевгелија - Негорци

Од вчера на терен е градежна механизација која започна подготвителни работи за

Повеќе

Распишана потерница по Груевски

По барање на Кривичниот суд, денес МВР во 16:30 распиша потерница по екс

Повеќе

Една година локална власт во Гевгелија

Прес на градоначалникот на општина Гевгелија - Сашо Поцков за остварувањата во

Повеќе

Прва награда за гевгелиските ученици Софија и Илија на „Месецот на науката 2018“

Вториот ден од манифестацијата „Месец на науката 2018“ што се одржа во

Повеќе

Париз ја собра светската елита

 
 

 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.