Завршни зборови по предметот за смртта на родилката Кадиева

Петок, 14 Септември 2018

Во завршниот збор обвинителката побара лекарите да се осудат, бидејќи наместот како тим, дејствувале секој поединечно

 

 

Во Основниот суд Велес, по повеќе од две години судска расправа вчера се одржа последното рочиште на кое завршни зборови имаа лекарите од Гевгелија, обвинети за нестручно и небрежно работење по кое настапила смрт на родилката Маја Кадиева и нејзиното новороденче, при изведба на царски рез во гевгелиската Општа Болница.
Во завршниот збор обвинителката побара лекарите да се осудат, бидејќи наместот како тим, дејствувале секој поединечно.

Обвинителството ги терети тројцата лекари кои го изведувале породувањето со царски рез: анестезиологот Томчо Ванчев и гинеколозите Венци Чалков и Дончо Москов, сите ангажирани во гевгелиската Општа Болница. Според ОЈО тие во постапката која ја изведувале како тим, а секој делувал самостојно, направиле низа пропусти, со што придонеле за смртта на родилката.

Но, адвокатите на одбраната го негираат ова и велат дека лекарите немаат вина:
- „Обвинителеството беше должно во текот на истрагата да ги испита сите можности и да ги утврди сите факти па да оди со обвинение. Не може да се донесуваат пресуди на база на медиумски пристисок или да се покренуваат постапки. Очекувам ослободителна пресуда“ - изјави Милан Трајанов, адвокат на обвинетиот д-р Томчо Ванчев.

Првообвинетиот анестезиолог Томчо Ванчев, во својот исказ пред судот изјави дури дека „никогаш повеќе нема да и' се врати на професијата“.

Задоволен што конечно заврши судењето, но со мачнини што последните две години морал да ги преживува одновно трагичните моменти од смртта на неговата сопруга и дете, Димитрија Кадиев вели дека лекарите мораат да сносат вина, оти анестезиологот бил пијан, а гинеколозите му дозволиле да работи во таква состојба.

„Јасно е дека тоа не се случило случајно, туку со вина. Мојата сопруга отиде здрава во болница и сега каде е. Имало пијани анестезиолози“ - вели Димитрија Кадиев, сопруг на починатата родилка Маја Кадиева.

Вештачењето утврди дека Кадиева починала од задушување, како резултат на интубацијата. Од дуга страна, одбраната тврди дека причина за смртта е реакција од лековите за анестезија. Кој е во право, а кој е виновен, ќе се знае на 21 овој месец, кога судијката Габриела Гајдова ќе ја соопшти пресудата.

 

Last modified on Петок, 14 Септември 2018 - 19:23

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Почнува втората фаза од системот за наводнување Јужна долина на Вардар

Почнуваат градежните работи за изградба на системот за наводнување на јужната

Повеќе

Владата ќе добие пет нови министри

Денес од Валандово Премиерот Заев најави дека уште денес до Собранието ќе ги

Повеќе

Нов асфалт и проширување на регионалниот пат Гевгелија-Богданци-Фурка

Министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски денеска го најави почетокот на

Повеќе

Валандовски средношколци Елена и Борис во финале на Genius Olympiad во Њујорк

Елена Гребенакова и Борис Китановиќ, ученици во втора година гимназија при СОУ

Повеќе

Одбележување на Светскиот ден на бегалците во Гевгелија

Со штанд на УНХЦР на градскиот плоштад во Гевгелија од 08 до 20 часот денеска

Повеќе

Од 1 јули стартува мерката „Повраток на ДДВ за граѓаните“

Од 1 јули, (значи за 10 дена) почнете да собирате фискални сметки од секое

Повеќе

„Ден на проширување“ тема на Европскиот комитет за региони

Денеска и утре во Брисел се одржува дводневниот 16-ти по ред Заеднички

Повеќе

Сезонска работа во Грција - примамливи плати за работа на море

Летен одмор и заработка е добра комбинација, ако е тоа работа на некои од

Повеќе

Бесплатен одмор за работниците со ниски примања

Јавниот повик за организиран одмор на работници чии месечни примања во

Повеќе

Водата во Дојранското езеро безбедна за капење

- „Најновите испитувања на водата од Дојранското Езеро покажаа дека е во

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.