Пресудени 4 години затвор за анестезиологот за случајот Кадиева

  • Петок, Сеп 21 2018

 

 

Во Велешкиот Основен суд денеска се читаше пресудата за случајот со починатата родилка Кадиева и нејзиното бебе. Во пресудата стои:
Обвинетиот анестезиолог Томчо Ванчев е прогласен за виновен и доби четири години затвор, како и одземање на докторската лиценца, додека гинеколозите Венци Чалков и Дончо Москов се ослободени од обвинението за „тешки дела против здравјето на луѓето“. На доктор Ванчев му е изречена забрана за вршење на професија лекар-специјалист анестезиолог во време од пет години, при што времето минато во затвор на се засметува.

Ова е одлуката на судијата Габриела Гајдова, која ја прочита во името на петочлениот судски совет, со кој таа претседаваше. Тројцата доктори специјалисти беа обвинети за смртта на родилката Маја Кадиева и нејзиното бебе. Нејзиниот сопруг и мајка и' во солзи ја пречекаа судската одлука.

Сопругот на починатата родилка емотивно ја доживеја пресудата. Незадоволен е од висината на казната, но и од тоа што од тројца, само еден лекар е осуден.

- „Очекувано беше дека ќе има виновни и лично дека гинеколозите ќе бидат, но излезе дека само анестезиологот го осудија. За жал времето во затвор ќе мине, но Маја нема да се врати. Четири години за два млади животи, а боли што гинеколозите се ослободени. Водач на тимот кој ја породува сопругата е д-р Чалков. Со ваквата пресуда делумно е задоволена правдината, а цел живот останува болката“ - рече Димитриј Кадиев, сопругот на родилката Маја Кадиева.

Таа почина на 22 октомври 2015-та година при извршувањето на царскиот рез во Гевгелиската болница. Обвинителството ги товареше тројцата доктори дека работеле индивидуално, а не како тим и со преземените дејствија обвинетите предизвикале штетна последица, несовесно постапиле при укажување лекарска помош при процесот на породување. Со тоа предизвикале влошување на здравствената состојба кај родилката што резултирало со смртен исход на сега покојната и нејзиното бебе.

При изрекувањето на пресудата присуствуваше само д-р Венци Чалков и неговиот бранител адвокат Борче Стојанов. Тој кажа дека нема да ја коментира судската одлука.

Судијката Гајдова образложи дека д-р Ванчев сите работи кои се пишани во обвинението, според изведените докази тој и ги сторил, не дошол на време на породувањето, бил во алкохолизирана состојба со 1,25 промили алкохол во крвта, извршил повеќе од три обиди на интубација.

Доктор Венци Чалков според изведените докази постапил правилно за работите кои му се товарат во обвинението - терминот кој го закажал за царскиот рез бил според здравствените протоколи, потоа кога забележал дека д-р Ванчов е во алкохолизирана состојба тој реагирал до директорот на Болницата и дека по неуспешните обиди за интубација тој предложил царскиот рез да се одложи.

Доктор Дончо Москов не можел да забележи дека д-р Ванчев е под дејство на алкохол и да бара одлагање на операцијата и дека излегувањето од салата на д-р Москов оти пациентката не можела да се воведе во анестезија нема причинско последична врска со смртта на родилката.

Пресудата не е правосилна. Обвинетиот Ванчев има право на жалба. Обвинителката Славица Темелковски најави жалба на пресудата.

 

Автор: Петар Печков


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Oбјавeна меѓународна потерница по Војминовски

По бегството на осудениот за обид за убиство на Зијадин Села, Никола

Повеќе

19 јануари - Неработен ден

Сабота, на Богојавление, е неработен ден за граѓаните од православната

Повеќе

ОИК Гевгелија донесе Уверенија за новите советници

Лазар Мешков и Александра Караманова од советничката листа на СДСМ одговорија

Повеќе

Гевгелискиот Совет во 2018 одржал 15 седници

Советот на општина Гевгелија во текот на 2018 година расправал за 279 акти од

Повеќе

Гевгелиjа со ветер од 75 км на час

Денеска Гевгелија одолева на ветер со јачина од 21 метар во секунда што е

Повеќе

Со субвении на Владата до евтини авио линии за граѓаните

Министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски денеска потпиша договор за

Повеќе

Вечер е Стара нова година, утре Василица

Според Јулијанскиот календар, по кој се водат православните христијани, вечер

Повеќе

11 години незаборав - Игор Ѓорески Хектор (1976-2008)

Со наклон кон паднатиот борец, Капетан Ѓорески - постхумно одликуван во воен

Повеќе

Продажба на градежни парцели за станбени објекти во Гевгелија

Општина Гевгелија објави на јавна продажба седум парцели наменети за изградба

Повеќе

Парламентот ги изгласа уставните амандмани

Со 81 гласови „за“  исполнет македонскиот дел од Преспанскиот договор

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.