Детектиран тигрест комарец - закана под контрола

  • Сабота, Окт 27 2018

 

 

На југот од Македонија топлите услови придонесоа да преживее и да се прилагоди на средината азискиот тигрест комарец. Овој инсект е детектиран од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство која деновиве врши мапирање на целата територија за да се утврди каде се' е проширен овој комарец.

Опасноста од неговиот убод во период кога не се надеваме на комарци може да ги предизвика кај човекот следниве симптоми: црвенило на кожата, оток, (од полесен карактер), но и слабост, малаксаност, главоболка, тегоби, повишена температура, (од посериозен карактер. Сепак стручњаците предупредуваат дека овие симптоми без лекарски преглед и анализа не може да се земат здраво за готово дека се предизвикани од убод од игрест комарец.

Агенцијата за храна и ветеринарство на РМ спроведува дополнителни програми за евентуално утврдување дали овој комарец има пренесено болести кај животните.
- „Согласно резултатите што ги имаме добиено, потенцира директорот на Агенцијата Зоран Атанасов, нема потврда за постоење на такви болести и не постои таква опасност“.

Според информациите на Агенцијата за храна и ветеринарство, овој вид комарец прв пат е детектиран 2016 година само во реонот на Богданци, а оваа година е проширен во Дојран и повеќе општини во Скопје.

Појасни дека спецификата на комарецот е да се размножува и да живее на одредени температури и на одредена надморска височина.

– „Мамките се поставени оваа година во речиси цела источна Македонија, и се продолжува во другиот дел од државата за да добиеме целосна слика за тоа дали е проширен и во другите краеви, рече Атанасов и додаде оти е формирана превентивна група во која меѓу другите членови се и тој и министерот за здравство Венко Филипче и на дневна основа се испитуваат сите информации.

Епидемиологот од Институтот за јавно здравје д-р Жарко Караџовски информира дека до денеска нема регистрирано никакви случаи на инфекција, ниту заболување од овој тип комарец во Република Македонија.

Напоменувајќи дека будно се следи состојбата во регионот и во околните држави, како што се Србија, Бугарија, Грција, Албанија и други, информира дека таму има регистрирано поголем број заболени лица, дури и смртни случаи.

– Не постои ризик од некои заболувања односно ризикот е безначаен, заради тоа што согласно временската прогноза ќе се залади, а таа температура воопшто не му одговара на комарецот за да може да се размножува. Се размножува во многу мало количество вода, дури и во чаша или тацна што се навадуваат цвеќиња, застоени гуми, води…. овој комарец го хибернира зимскиот период и станува активен од март па натаму, а најголема активност покажува јуни, јули и август, рече епидемиологот од Институтот за јавно здравје д-р Жарко Караџовски.

Институтот, подвлече, бара во иднина секоја локална самоуправа да одвои дел од општинските буџети и да превенираат ДДД на водени, шумски и ливадски површини.

– „Во 2012-2013 година издадена е брошура за поврзаноста на климатските промени со појавата на инфективните заболувања во РМ, како и безброј брошури за појавата на комарците, заштита од убод на комарец и од крлежи“, информираат од Институтот за јавно здравје.

Детектирањето на тигрестиот комарец во општините Богданци, Дојран и Гевгелија предизвика вознемиреност кај населението поради опасноста од болестите што може да ги пренесе, но место за паника нема, велат од подрачната единица на Центарот за јавно здравје во Гевгелија.

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Министерот Спасовски и вицепремиерот Османи во Гевгелија

Спасовски: Полицијата успешно се справува со илегалните миграции и

Повеќе

Патот Гевгелија-Негорци пред завршница

Во тек е гребање на последниот километар од стариот асфалт до центарот на

Повеќе

Sky хотел и казино бара работници

Активен оглас за вработување на 14 работни позиции за правен субјект со седиште

Повеќе

Велин Стојменов - нов претседател на Здружението на пензионери за Гевгелија

На вчерашното изборно Собрание на општинското Здружение на пензионери за

Повеќе

Прес на ЛДП Гевгелија

ВИДЕО: Итна измена на законите за финансирање на општините! (Ручкоманов)

Повеќе

Пендаровски на Трибина со младите од Гевгелија: „Придобивки - НАТО и ЕУ“

„Мојот став е влез во ЕУ и НАТО е преку институциите во државата со

Повеќе

Денеска е пролетна рамноденица

Рамноденица — деноноќието кога должината на денот и ноќта се исти. Денеска

Повеќе

Тридневен прекин во електроснабдувањето во Богданци

ЕВН - КЕЦ Гевгелија најави прекин во електроснабдувањето за утре среда 20 март,

Повеќе

Интегриран план за локален развој на општина Богданци до 2022

Во тек е 10 дневна јавна расправа за локалниот развој на Богданци 

Повеќе

Кина одбила барање на грчка компанија да го користи терминот „македонски“

Образложение - потребна е дозвола од соседната земја за користење на терминот

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.