Топ Новости

Приватните лекари од Гевгелија, Богданци и Дојран со барања пред ФЗОМ

  • Петок, Ное 16 2018

 

 

Со забелешки на новиот предлог договор што треба да го склучат приватните лекари со ФЗОМ денеска 20-тина лекари од приватните здравствени установи од Општините во регионот доставија свои забелешки и барања за продолжување на договорната соработка со Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија. 

Своето незадоволство групно го искажаа заеднички со собирање пред зградата на Подрачната единица на ФЗОМ во Гевгелија. 

Во своите барања како членки на Здружението на приватните лекари од Република Македонија тие истакнаа: 

- „Ние матичните лекари од општините Гевгелија, Богданци и Дојран сме разочарани од најновиот предлог договор од страна на ФЗОМ кој бесрамно ги бришше сите ветувања дадени досега за подобрување на условите за работа во Примарната здравствена заштита“.
Докторите посочуваат дека во последно време во државата, па и во регионот од општините кои се дел од незадоволните лекари од приватното здравство, евидентен е тренд на забрзано учење на германски јазик за доктори и медицински сестри со цел работно исселување во странство. Токму заради одливот на медицински образовен и обучен персонал, лекарите од приватното здравство бараат:
- „Да имеме договор кој би бил стимулативен и полн со авангардни предлози, се' со цел да направиме подобро здравство со задоволни доктори, медицински сестри и задоволни пациенти, осигуреници на ФЗОМ. Мора ФЗОМ да покаже грижа за овие доктори и медицински сестри кои решиле да останат во Р. Македонија“ потенцираат докторите од трите општини во регионот.

 

- „Матичните лекари се основата на здравството. Ако ние не можеме да работиме, се руши основата на другите категории од здравствената пирамида како што е поставена во државата“, велат докторите.
- „Здравството го чува социјалниот мир во државата. Ние сме првите за контакт со пациентите. Препишуваме терапии за кои со новите договори се предвидени енормно високи казни“, се дел од реакциите на докторите.
- „Не може за грешки во работењето кои може да бидат и од административна природа во Договорот да се предлагаат казни со запирање на две месечни капитации за приватната здравствена ординација. Ние не би можеле да функционираме ако се укинат основните технички трошоци за одржување на примарната здравствена заштита потребна секојдневно на пациентите“, посочува друг доктор од присутните на протестот.

 

Забелешките и барањата кои беа доставени до ПЕ на ФЗОМ во Гевгелија се идентични со барањата кои ги доставија до ПЕ на ФЗОМ лекарите од приватното здравство во Велес, Кочани, Берово, Виница, Валандово кои се членки на Здружението на приватни лекари на РМ (ЗПЛРМ), како и до други општини низ државата. 

Координаторката на ЗПЛРМ за општините Гевгелија, Валандово, Богданци и Дојран д-р Христина Прошева во името на 25-те лекари од четирите општини, кои се на првата линија за обезбедување примарна здравствена заштита за граѓаните од регионот, што е бројка од над 40.000 жители, денеска изјави дека на ниво на Македонија постои преговарачки тим од ЗПЛРМ со Фондот за здравство на Република Македонија кој денеска беше во Скопје.
Преговарачкиот тим денеска ги прекинал преговорите со Фондот, бидејќи пред самиот состанок добиле писмен одговор на нивните забелешки. Од ЗПЛРМ најавуваат дека следниот термин за преговори по денешниот одговор од ФЗОМ е закажан за вторник, 20-ти ноември.

 

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Владата исплати 16,7 милиони денари на Општина Богданци за отплата на

Општина Богданци доби на располагање од Буџетот на РМ сума во износ од

Повеќе

Груевски снимен од унгарски новинари

ВИДЕО: По вчерашната прошетка денеска „уловен“ со камера во ресторан во

Повеќе

10 декември - Светски ден на човековите права и Ден на полициска превенција

Општина Гевгелија домаќин на Свечена седница на локалните совети за превенција

Повеќе

Јавна расправа по нацрт Буџетот на Општината за 2019

Основниот финансиски документ на општина Гевгелија за наредната 2019 година е

Повеќе

Оглас за вработување на воспитувачки во градинки

МТСП на оглас бара 30 воспитувачи/ки кои ќе се вклучат во програмата за

Повеќе

Влатко Видимче нов претседател на ОО на СДСМ Гевгелија

Изборот на Видимче за претседател на Општинската организација на СДСМ е извршен

Повеќе

Протести во Белград

Под слоганот „Стоп на крвавите кошули“ вечерва започна протест во Белград пред

Повеќе

Македонија го празнува Св.Климент Охридски

8-и декември - неработен ден во чест на делата на просветителот Свети Климент

Повеќе

Проширена мрежата за јавно осветлување во Општина Богданци

Поставени се 55 нови бандери и 89 нови светилки во Богданци, Стојаково, Ѓавото

Повеќе

Се асфалтира патот Гевгелија-Негорци

Асфалтна постилка за патната делница Гевгелија-Негорци долга 6,5 километри веќе

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.