Официјална посета на првороденото бебе во 2019 за регионот

  • Петок, Јан 04 2019

 

 

Градоначалникот на општина Богданци Блаже Шапов денеска го посети првороденото бебе во 2019 година, инаку најнов жител на општина Богданци.
Веста за официјалната посета на таткото на општината на најмладиот жител на општина Богданци, денеска осамна и на официјалната ВЕБ страна на општината.

Шапов, во придружба на директорот на Општа Болница Гевгелија Митко Крџев, ја посети среќната мајка Гордана Диванисова од Богданци и и' честита за здравата рожба посакувајќи здравје, среќа и многу радости во животот.
На мајката, согласно одлуката на општината и' додели пригодни подароци за новороденото машко бебе, и парични средства во износ од 10.000 денари, наменски средства од локалниот општински буџет.

Среќната мајка Гордана Диванисова на 3-ти јануари во 9:30 часот, со спонтан порогај, роди здраво машко дете, со тежина од 3.150 грама и должина од 51 сантиметар. Ова е првата рожба во Одделението за гинекологија и акушерство при Општа Болница Гевгелија во 2019 година, која инаку здравствено го опслужува теренот на трите општини Гевгелија, Богданци и Дојран.

Среќната мајка Гордана, градоначалникот на општина Богданци Шапов и директорот на Општа Болница Гевгелија Крџев, во посета на првороденото бебе и родилката - Гинеколошко Одделение Гевгелија

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Денеска е пролетна рамноденица

Рамноденица — деноноќието кога должината на денот и ноќта се исти. Денеска

Повеќе

Тридневен прекин во електроснабдувањето во Богданци

ЕВН - КЕЦ Гевгелија најави прекин во електроснабдувањето за утре среда 20 март,

Повеќе

Интегриран план за локален развој на општина Богданци до 2022

Во тек е 10 дневна јавна расправа за локалниот развој на Богданци 

Повеќе

Кина одбила барање на грчка компанија да го користи терминот „македонски“

Образложение - потребна е дозвола од соседната земја за користење на терминот

Повеќе

Уапсен екс градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакомовски

За Јакимовски и двајца од Општина Карпош ОЈО ќе бара притвор, осомничени се

Повеќе

Директни летови на „Визер“ од Охрид за Малме и Милано

Од денеска стартуваа првите летови на нововоспоставените директни линии што ги

Повеќе

Русија го призна новото уставното име на Македонија

Руската Федерација денеска ја призна Република Северна Македонија

Повеќе

АМСМ: Поради сообраќајка затворен автопатот Градско-Велес

Сообраќакот се одвива по регионалниот пат Градско-Велес

Повеќе

Богданчани - најдобри математичари

Ваквата титула ја заслужија учениците од ОУ „Петар Мусев“ од Богданци кои на

Повеќе

Паднаа пресуди од 211 години затвор за Крвавиот четврток

Митко Чавков, како носител на „златна команда“ доби казна од 18 години затвор и

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.