Снежните услови донесоа опасност од скршеници

  • Петок, Јан 11 2019

 

 

Во изминатите три дена откако Гевгелија и регионот се под снежна покривка, екипите на Брзата помош при Општата Болница во Гевгелија имаа зголемен број на интервенции. Интервенирано е теренски на 20 повика од кои за три случаи биле констатирани повреди од скршеници и истите се дистрибуирани до Хирушкото одделение во гевгелиската Болница.

Напоредно, покрај 24 часовната теренска дежурна екипа, во рамките на Болницата функционира и статична служба на Брзата помош која е лоцирана во просториите на поранешното „Кожно одделение“ и прима пациенти за интервенции секој ден после 15 часот. Во изминатите три дена, кога снегот завладеа низ улиците во регионот, оваа статична служба опслужила 15 пациенти кои побарале итна здравствена интервенција. Заедно со интервенциите на теренското одделение тоа се вкупно 35 интервентни мерки за изминатите три дена на Итната Брза помош од Гевгелија.

- „Службата за Итна медицинска помош во Гевгелија опслужува пациенти кои се на подрачјето на општините Гевгелија, Богданци и Дојран и во текот на 2018 година имаме примено вкупно 3.125 повика за кои е пружена соодветна здравствена интервенција“, ни' изјави д-р Александра Енџекчева, вработена во гевгелиската Брза помош.
Бројот на интервенции заедно со оние кои се пружени во статичното одделение на Итната медицинска помош во Гевгелија е двојно поголем, што укажува на сериозниот обем на работа на службата која ја изведуваат двајца лекари, три медицински сестри и еден возач за теренски интервенции.

Овој тридневен билтен на интервенции со три повреди и скреници наведува на претпазливост во движењето низ снежните површини во населените места.

Исто така, препорака од стручњаците од здравствената дејност е дека „утринските излегувања од дома не смеат да бидат нагли од топло на студено, бидејќи кај возрасните лица крвните садови се покрути па има зголемена опасност од добивање мозочен, или срцев удар“ - предупредува д-р Карамановски од скопската Брза помош.

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Oбјавeна меѓународна потерница по Војминовски

По бегството на осудениот за обид за убиство на Зијадин Села, Никола

Повеќе

19 јануари - Неработен ден

Сабота, на Богојавление, е неработен ден за граѓаните од православната

Повеќе

ОИК Гевгелија донесе Уверенија за новите советници

Лазар Мешков и Александра Караманова од советничката листа на СДСМ одговорија

Повеќе

Гевгелискиот Совет во 2018 одржал 15 седници

Советот на општина Гевгелија во текот на 2018 година расправал за 279 акти од

Повеќе

Гевгелиjа со ветер од 75 км на час

Денеска Гевгелија одолева на ветер со јачина од 21 метар во секунда што е

Повеќе

Со субвении на Владата до евтини авио линии за граѓаните

Министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски денеска потпиша договор за

Повеќе

Вечер е Стара нова година, утре Василица

Според Јулијанскиот календар, по кој се водат православните христијани, вечер

Повеќе

11 години незаборав - Игор Ѓорески Хектор (1976-2008)

Со наклон кон паднатиот борец, Капетан Ѓорески - постхумно одликуван во воен

Повеќе

Продажба на градежни парцели за станбени објекти во Гевгелија

Општина Гевгелија објави на јавна продажба седум парцели наменети за изградба

Повеќе

Парламентот ги изгласа уставните амандмани

Со 81 гласови „за“  исполнет македонскиот дел од Преспанскиот договор

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.