Прогласена епидемија на морбили во Гевгелија

  • Петок, Мар 01 2019

 

 

Со петнаесет заболени деца со морбили на возраст од неколку месеци до една година, денеска од Институтот за јавно здравје прогласија состојба на епидемија на морбили (мали сипаници) и во Гевгелија.

Сите случаи се упатени на лекување во Инфективната клиника во Скопје. Заради превентива викендов беше затворено детското одделение во Гевгелија и извршена детална дезинфекција на одделението, а сите итни случаи беа третирани во Службата за итна медицинска помош.
Дезинфекција на детското одделение беше неопходна заради уништување на вирусот на морбили донесен од првото болно лице, кое всушност беше дете од Куманово дојдено со родителите на гости во Гевгелија и овде ги покажало симптомите на болеста. Ова е така наречен „увозен“ случај на морбили.
Одговорниот педијатар на Детското одделение при Општа Болница Гевгелија не извести дека „ниедно од децата со дијагностициран вирус на морбили не се заразени од Гевгелија, туку се деца кои како болни биле здравствено упатени на третман од друго заболување во детската клиника „Козле“ во Скопје, и овде добиваат морбили, па од Скопје директно се упатуваат на понатамошен третман во Инфективната клиника во Скопје“.

Засега на ниво на државата прогласена е епидемија на морбили во Скопје, Тетово, Куманово и Гевгелија.
Од Институтот за јавно здравје на РСМ велат дека под ризик на ова заболување остануваат уште 20.000 лица кои не примиле вакцина против морбили. Поради тоа се најавува мерка за итна вакцинација на децата од оваа опака, животно загрозувачка болест.

Од Центарот за јавно здравје во Гевгелија информираат дека во општината на почетокот од годината биле регистрирани 163 невакцинирани деца од мали сипаници. На сите нив упатени им биле лични покани до родителите да ги донесат своите деца за вакцинирање. Системот на покани започна уште со зголемувањето на бројот на заболени деца и возрасни лица од морбили во државата, со почетокот на годината и оваа мерка веќе дава резултати, велат од ЦЈЗ. За три недели се вакцинирале 52 деца во јануари. До крајот на месецот се очекува да заврши целосната имунизација на невакцинираните деца од Гевгелија, нагласуваат од ЦЈЗ.

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Sky хотел и казино бара работници

Активен оглас за вработување на 14 работни позиции за правен субјект со седиште

Повеќе

Велин Стојменов - нов претседател на Здружението на пензионери за Гевгелија

На вчерашното изборно Собрание на општинското Здружение на пензионери за

Повеќе

Прес на ЛДП Гевгелија

ВИДЕО: Итна измена на законите за финансирање на општините! (Ручкоманов)

Повеќе

Пендаровски на Трибина со младите од Гевгелија: „Придобивки - НАТО и ЕУ“

„Мојот став е влез во ЕУ и НАТО е преку институциите во државата со

Повеќе

Денеска е пролетна рамноденица

Рамноденица — деноноќието кога должината на денот и ноќта се исти. Денеска

Повеќе

Тридневен прекин во електроснабдувањето во Богданци

ЕВН - КЕЦ Гевгелија најави прекин во електроснабдувањето за утре среда 20 март,

Повеќе

Интегриран план за локален развој на општина Богданци до 2022

Во тек е 10 дневна јавна расправа за локалниот развој на Богданци 

Повеќе

Кина одбила барање на грчка компанија да го користи терминот „македонски“

Образложение - потребна е дозвола од соседната земја за користење на терминот

Повеќе

Уапсен екс градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакомовски

За Јакимовски и двајца од Општина Карпош ОЈО ќе бара притвор, осомничени се

Повеќе

Директни летови на „Визер“ од Охрид за Малме и Милано

Од денеска стартуваа првите летови на нововоспоставените директни линии што ги

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.