Солидарен протест на приватните доктори од Гевгелија

  • Петок, Мар 15 2019

 

 

Десетина матични доктори од приватното здравство во Гевгелија денеска се солидаризираа со состојбата на својата колешка д-р Виолета Петковска од Виница и со протест пред ФЗОМ Подрачна единица Гевгелија бараа непречено функционирање на приватните здравствени ординации кои се во функција на јавното здравство во општината и државата.

Имено д-р Петковска иако има потпишан договор за соработка со ФЗОМ веќе два месеца не добива исплата на капитација по евидентирани болни на кои им е матичен лекар затоа што медицинската сестра заминала на друго работно место и нејзината ординација функционира како некомплетен тим. Докторите од приватните здравствени ординации, посочувајќи на недостаток од стручен медицински кадар кој се' почесто заминува на работа во странство, бараат државата да поведе грижа за недостаток на медицински кадар. А, во услови кога лекарската дејност се обавува со лиценциран доктор од одделна специјалност, непоимливо е неговата диплома од осумгодишно школување за професијата доктор да биде неприменлива заради недостаток на медицинска сестра.

Затоа, бараат решение на проблемот да биде вработување на немедицинско лице кое би ги обавувало админстративните работи, а тие како лекари во својата докторска работа да ја извршуваат и работата на медицинските сестри согласно здравствениот кодекс и законите.

- „Во општините Гевгелија, Богданци и Дојран опстојуваат 19 матични доктори кои извршуваат здавствена дејност како тим со медицинска сестра. Во случај некоја медицинска сестра да се отсели на работа во странство, или да отиде на здравствено боледување подолго од законски дозволеното од 30 дена ние матичните доктоти од регионот би се нашле во иста ситуација. Во моментот во Агенцијата за вработување во Гевгелија која ги покрива со дејност трите општини од регионот, нема ниту една медицинкса сестра невработена, регистрирана да бара вработување, која би можеле да ја ангажираме во таков случај. Значи проблемот е сериозен недостаток од здравствен кадар, на кој надлежните од ФЗОМ и Министерството за здравство би требале да најдат функционална солуција“, вели д-р Христина Прошева, претседател на ЗПЛРМ за јужниот регион кој ги опфаќа општините Гевгелија, Богданци, Дојран и Валандово. 

За ваквиот проблем завчера протестираа колегите на д-р Петковска од Здравниот дом во Виница, а вчера и колегите Кочани, Велес и од други здравствени центри во државата.

За проблемот со неисплатата на капитацијата кон докторката Петковска која редовно опслужува 750 пациенти од општина Виница, реагираше и Здружението на приватни лекари на РМ: - „Сите матични доктори го одржуваат примарното здравство кое беспрекорно функционира, но во никој случај не смееме да дозволиме матичен доктор да остане на улица после 21 година работење заради тоа што не може да се најде медицинска сестра за тим. Тоа никаде го нема“- велат од Здружението.

Претседателката на ЗПЛРМ, д-р Лилија Чолакова Дервишова поставува реторично прашање до надлежните во ФЗОМ:

- „Кој е носител на дејноста, докторот или медицинската сестра? Се разбира докторот. Па, како ако нема медицинска сестра фирми ли ќе затвораат? Овој проблем од колешката може да биде на секој од нас и не e дозволиво некој да ни' затвора фирми кои плаќаат редовно данок, фирмарини, кои сами си купија компјутери, принтери, токени, фискални каси и ги поддржаа сите реформи на сите Влади со сопствени средства, да имаат ваков третман“, констатира Др Лилија Чолакова Дервишова, Претседател на ЗПЛРМ.

Приватните доктори од Гевгелија и иматели на здравствени ординации го потврдија прогласот упатен од колегите од нивната фела: И јас сум Виолета!!!, барајќи итно решањање на проблемот со капитацијата за приватните здравствени ординации кои обавуваат матична здравствена услуга за преку 40.000 жители од регионот. Од протестот беше упатено барање до надлежните државни институции да се направат извесни законски измени, доколку неможат да формират тим со медицински сестри на нивно место да вработат администратор, кој ќе ги извршува работните задачи, со цел ординациите да опстојат и во помалите локални средини за потребите на тамошните пациенти.

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Sky хотел и казино бара работници

Активен оглас за вработување на 14 работни позиции за правен субјект со седиште

Повеќе

Велин Стојменов - нов претседател на Здружението на пензионери за Гевгелија

На вчерашното изборно Собрание на општинското Здружение на пензионери за

Повеќе

Прес на ЛДП Гевгелија

ВИДЕО: Итна измена на законите за финансирање на општините! (Ручкоманов)

Повеќе

Пендаровски на Трибина со младите од Гевгелија: „Придобивки - НАТО и ЕУ“

„Мојот став е влез во ЕУ и НАТО е преку институциите во државата со

Повеќе

Денеска е пролетна рамноденица

Рамноденица — деноноќието кога должината на денот и ноќта се исти. Денеска

Повеќе

Тридневен прекин во електроснабдувањето во Богданци

ЕВН - КЕЦ Гевгелија најави прекин во електроснабдувањето за утре среда 20 март,

Повеќе

Интегриран план за локален развој на општина Богданци до 2022

Во тек е 10 дневна јавна расправа за локалниот развој на Богданци 

Повеќе

Кина одбила барање на грчка компанија да го користи терминот „македонски“

Образложение - потребна е дозвола од соседната земја за користење на терминот

Повеќе

Уапсен екс градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакомовски

За Јакимовски и двајца од Општина Карпош ОЈО ќе бара притвор, осомничени се

Повеќе

Директни летови на „Визер“ од Охрид за Малме и Милано

Од денеска стартуваа првите летови на нововоспоставените директни линии што ги

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.