Започна бесплатниот скрининг на дојка за жените од општина Гевгелија и регионот
Општа Болница Гевегелија од вчера, недела, 20 декември започна со бесплатен скрининг на дојка за жените од подрачјето на својата здравствена надлежност, општините Гевгелија, Богданци и Дојран.
Првите 10 снимања се направени во текот на викенд ден со цел да се избегнат гужвите со другите редовни пациенти од болницата.
- „По долга пауза заради пандемијата и ризикот од ширење на заразата конечно започнавме со здравствената реализација на проектот „Health info“ кој го спроведуваме во соработка со Европската Унија, преку ИПА Програмата. Првите заказани термини за скрининг се резервирани за жените вработени во конфекциите „Бреботекс“ од Богданци и „Ноел“ од Стојаково. Со овие работнички претходно тим од Општа Болница Гевгелија одржаа Инфо-денови, едукативни состаноци за женското здравје и рак на дојка како најраширена врста на малигните заболувања кај женската популација. Следната недела ќе имаме нов турнус закажани термини за скрининг. Заради ковид состојбата планираме истите да се изведуват во викенд деновите“, - изјави за GevgelijaNET директорот на Општа Болница Гевгелија со проширена надлежност, д-р Митко Крџев.
Со скрининг на дојка кај жените ќе бидат опфатени жителките на Гевгелија, Богданци, Дојран и Миравци со масовен скрининг на возрасната популација.
Според податоците на специјалистите по медицина на одделот онкологија при Медицински факултет во Скопје 40% од пациентите на Клиниката за онкологија со рак на дојка доаѓаат од Гевгелија. Тоа е само еден фрапантен податок кој ја оправдува целта и реализацијата на овој проект.
Директорот Крџев очекува во првиот турнус да биде извршен скрининг на 500 до 600 жени. Следните термини можно е да се закажуваат во договор со матичен лекар, со најава за интерес на граѓанката до својот матичен лекар, податоци, телефонски број за да биде направен распоред и закажан денот за изведување на прегледот и мамографијата - постапка на снимање на дојката и утврдување патогени промени. Секоја од жените кои ќе бидат опфатени со скринингот не подлежат на никаква надокнада. Целата постапка е платена со средства од Европската Унија. Резултатите и наодот ќе бидат достапни до секоја жена која била вклучена во проектот за бесплатен скрининг на дојка.
Здравјето е најважно, а превентивата еден наш чекор до неговото одржување.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Со Закон казината и обложувалниците подалеку од училиштата
Со измени на Законот за игри на среќа објектите од овој сектор, казина,
Гевгелија вечерва со висока загаденост на воздухот
Гевгелија вечерва на апликацијата „Мој воздух“ осамна на листата на градови во
Кај Прдејци утрово спречен шверц на мигранти
Денеска, во полноќните часови, поточно 01:00 часот после полноќ полицијта
Донација од НОЕЛ за Болницата во Гевгелија
Пред нова година беше најавата за донација, а денеска истата беше предадена -
Горивата поевтинуваат за 2 денари, од ноќеска на полноќ
Вонредна седница на Регултароната комисија за енергетика, во која бензините од
Почина Бранка Станковска - доајенот на македонското спикерство
Попладнево, во Скопје почина првиот глас на Радиотелевизија „Скопје“,
Воспитувачки во Белград малтретирале 2-3 годишни дечиња
Со нога на детското стомаче, шамари, тегнење за раце, заклучување.
Во
Собранието со 62 гласа „ЗА“ го донесе Законот за попис
Собранието денeска со 62 гласа „за“, без „воздржани“ и без „против“ го донесе
Џо Бајден ја превзеде функцијата претседател на САД
Со свечена церемонија на која не присуствуваше претходникот Трамп, денеска
Од јануари пензиите повисоки за 185 денари
Усогласувањето на пензиите со трошоците за живот донесе покачување на пензиите