Пациент на 78 години од Гевгелија е еден од починатите осум лица во државата во изминатите 24 часа како резултат на настанати компликации од ковид-19, известува во денешниот извештај Институтот за јавно здравје од Скопје. Пациентот е починат во болнички услови.
Ова е првата ковид жртва во Гевгелија во новата 2021 година, а 20-та по ред од почетокот на корона епидемијата кај нас. Ова е приказ дека сериозноста на заканата од коровавирусот се' уште е актуелна и смртоноста, иако во Гевгелија и регионот во првата декада од јануари во новата 2021 година беше забележан намален број на новозаразени од вирусот, а зголемен број на оздравени.
Така во изминатите 10 денови од јануари во регионот на Центарот за јавно здравеје во Гевгелија евидентирани се 58 новозаразени од корона, а 123 оздравени од ковид-19. Односот е повеќе од два пати во корист на оздравените.
Со денешниот извештај на ИЈЗ дознаваме и за 7 нови позитивни во регионот на ЦЈЗ Гевгелија и 4 оздравени.
Вкупниот број на заразени од коронавирусот до сега во регионот на надлежност на ЦЈЗ Гевгелија е 1.215 лица кои 81 од подрачјето на општина Дојран, 208 од општина Богданци, а 926 се жители на општина Гевгелија. До сега во регионот 27 лица од заболените завршиле со смртни последици од „средбата“ со короната.
Вкупниот број на досега оздравени во регионот на трите јужни општини е 972 лица, а во моментот 216 се активни на ковид-19.
Во денешниот извештај на ИЈЗ се споменува и смртта на еден 48 годишен пациент од општина Валандово, што е уште еден показател дека од короната не срадаат само постарите лица.
Дневниот корона извештај во државата евидентира 345 нови случаи на ковид-19 од направени 2.455 тестови, а утврдено е дека 289 лица се негативни на корона по направениот контролен тест. Заклучокот е дека процентот на новозаболени од дневно тестираните е во опаѓање и изнесува 14% наспроти рекордните 39-40% за време на декемврискиот пик на короната.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Со Закон казината и обложувалниците подалеку од училиштата
Со измени на Законот за игри на среќа објектите од овој сектор, казина,
Гевгелија вечерва со висока загаденост на воздухот
Гевгелија вечерва на апликацијата „Мој воздух“ осамна на листата на градови во
Кај Прдејци утрово спречен шверц на мигранти
Денеска, во полноќните часови, поточно 01:00 часот после полноќ полицијта
Донација од НОЕЛ за Болницата во Гевгелија
Пред нова година беше најавата за донација, а денеска истата беше предадена -
Горивата поевтинуваат за 2 денари, од ноќеска на полноќ
Вонредна седница на Регултароната комисија за енергетика, во која бензините од
Почина Бранка Станковска - доајенот на македонското спикерство
Попладнево, во Скопје почина првиот глас на Радиотелевизија „Скопје“,
Воспитувачки во Белград малтретирале 2-3 годишни дечиња
Со нога на детското стомаче, шамари, тегнење за раце, заклучување.
Во
Собранието со 62 гласа „ЗА“ го донесе Законот за попис
Собранието денeска со 62 гласа „за“, без „воздржани“ и без „против“ го донесе
Џо Бајден ја превзеде функцијата претседател на САД
Со свечена церемонија на која не присуствуваше претходникот Трамп, денеска
Од јануари пензиите повисоки за 185 денари
Усогласувањето на пензиите со трошоците за живот донесе покачување на пензиите