Неизвесноста во битката за здравјето со короната се покажа во своето смртоносно светло - вчера 60 годишен жител на општина Гевгелија почина како последица од компликации предизвикани од коронавирусот. Смртта настапила во болнички услови. Ова е содржано во последниот извештај за состојбата со коронавирусот во нашата здмја подготвен од страна на Институтот за јавно здравје, а објавен на 13 јануари и се однесува за изминатото деноноќие.
Од Општа Болница Гевгелија официјалното известување од д-р Крџев е дека починатиот бил корона позитивен и бил хоспитализиран во Ковид одделението при општа Болница Гевгелија. По влошувањето на состојбата бил пренесен на Инфективна Клиника во Скопје. По десетина дена починал како резултат на компликации во организмот од ковид-19. Инаку конкретно, се работи за машка особа, жител на Прдејци.
Последниот смртен исход од корона е 21-ва ковид загуба за општина Гевгелија, а 28-ма регистрирана ковид жртва во рамките на регионот на ЦЈЗ Гевгелија, втора по ред во новата 2021, што значи дека присуството на короната во регионот и последиците врз човековото здравје се' уште не сме ги надминале.
Истата предизвика пораст на леталитетот (смртност од корона) во регионот за 0,1 од сто и сега изнесува 2,3%. Инаку светската стапка на смртност изнесува 2,14 %. Од 92.767.845 заразени од корона во светот починале 1.986.696 жители од светската популација.
Според ИЈЗ во регионот на Центарот за јавно здравје Гевгелија состојбата со бројот на активни случаи на корона е непроменет и изнесува 211 активни позитивни лица на вирусот корона. Регистрирани се нови 5-мина заразени и 4-ца оздравени.
Кумулативната бројка на заболени од ковид-19 во регионот на трите јужни општини до сега изнесува 1.230 граѓани. Од нив 81 се жители на општина Дојран, 210 се од општина Богданци, а 939 се жители на општина Гевгелија. Петмината новоинфицирани со корона се од подрачјето на општина Гевгелија.
Кумулативната инциденца (ширење на заразата меѓу населението) за ЦЈЗ Гевгелија изнесува 3.576,4 и е повисока од Куманово (3.461,4) и Битола (3.078) кои важеа за корона жаришта во државата со 182, односно 147 корона жртви, последователно.
Ова значи дека епидемиолошката состојба и понатаму треба да се одржува под контрола со почитување на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот помеѓу населението за да не испишуваме корона рекорди, како општина и како регион, пред побројните и здравствено позагрозени општини од бројноста на корона позитивни меѓу своите граѓани.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Запленета дрога во вредност од еден милион евра на ГП „Богородица“ и кај
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (06.03.2021) во
Запленет камион со половина тон марихуана на ГП Богородица
Вечерва на Граничниот премин „Богородица“ запленет е камион полн со 500
Почина градежен работник во Гевгелија
Во централното градско подрачје каде се изведуваат градежни работи на просторот
Запленети 200 кг марихуана на граничната линија, приведени две лица
Одделот за криминалистика при ОВР Гевгелија во соработка со специјализирани
Тежок сообраќаен билтен - еден починат, еден тешко повреден
Едно починато и едно лице со тешки телесни повреди, без податоци за настаната
ОКШ Гевгелија бара воведување полициски час
Галопирачкиот раст на новозаболени од корона во Гевгелија и регионот (видно од
Почина Веселинка Поп Гонова
Утрово во Клиника „Жан Митрев“ воСкопје, каде што беше хоспитализирана оваа
Лишени од слобода двајца жители на о. Гевгелија
Прексиноќа пред полноќ, поточно во средата, жител на Мрзенци и жител на
Три последователни потреси во Грција почувствувани и во Гевгелија
Вечерва од 19:38 часот, 19:53 ч. па до 20:25 часот почуствувани се три
Почувствуван земјотрес во Гевгелија
Благо движење на земјата како лулање во правец југ-север-југ вечерва беше