Пациент од Богданци е 3-та ковид жртва во 2021, во регионот на ЦЈЗ Гевгелија

Петок, 15 Јануари 2021

Пациент на 76 години, жител на општина Богданци денеска е регистриран во графата починати заедно со уште деветмина од државата кои ја изгубиле битката за своето здравје во костец со короната.
Овој пациент починал во болнички услови, но не во Гевгелија туку на Клиника во Скопје и така се нашол во последниот извештај на Институтот за јавно здравје на РСМ за корона состојбата во државата во изминатите 24 часа.
Заведен е како 29-та ковид жртва во регионот на Центарот за јавно здравје ПЕ Гевгелија, инаку е 6-та ковид загуба во рамките на општина Богданци. Во изминатите 15 дена од јануари ова е 3-та ковид загуба во регионот на надлежност на ЦЈЗ Гевгелија, во новата 2021 година.

Корона извештајот за денеска е 8 новозаразени и 8 оздравени за подрачјеро на здравствена надлежност на ЦЈЗ ПЕ Гевгелија.
Тоа значи дека бројката на вкупно заразени со коронавирусот во сите изминати месеци на епидемијата во трите јужни општини се покачи на 1.242 лица од кои (непроменето оваа недела) 81 лице се од Дојран, 214 од општина Богданци (4 нови случаи), а 947 се жители на општина Гевгелија (12 нови случаи за два дена). Бројот на активните на корона вирусот во моментот изнесува 204. Од нив најголем број се жители на општина Гевгелија, вкупно 112 активни случаи на корона, 77 се жители на општина Богданци, а најмал број на активни на вирусот се во Дојран, 17 позитивни во моментот.

Бројката на оздравени од вирусот во регионот се покачи на 1.007 лица и претставува висока стапка од 81,08% од вкупниот број на корона инфицирани до сега. Леталитетот (смртноста од ковид-19) изнесува 2,3%.

 

 

 

Last modified on Петок, 15 Јануари 2021 - 20:21

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Тежок сообраќаен билтен - еден починат, еден тешко повреден

Едно починато и едно лице со тешки телесни повреди, без податоци за настаната

Повеќе

ОКШ Гевгелија бара воведување полициски час

Галопирачкиот раст на новозаболени од корона во Гевгелија и регионот (видно од

Повеќе

Почина Веселинка Поп Гонова

Утрово во Клиника „Жан Митрев“ воСкопје, каде што беше хоспитализирана оваа

Повеќе

Лишени од слобода двајца жители на о. Гевгелија

Прексиноќа пред полноќ, поточно во средата, жител на Мрзенци и жител на

Повеќе

Три последователни потреси во Грција почувствувани и во Гевгелија

Вечерва од 19:38 часот, 19:53 ч. па до 20:25 часот почуствувани се три

Повеќе

Почувствуван земјотрес во Гевгелија

Благо движење на земјата како лулање во правец југ-север-југ вечерва беше

Повеќе

Собранието со 62 „ЗА“ изгласа доверба на Владата

Парламентарното мнозинство уште еднаш ѝ аплаудираше на Владата. Овој пат за

Повеќе

Хуманитарен Апел за помош на Веселинка

АПЕЛ за помош на Веселина Поп Гонова! - објавија нејзините роднини и пријатели

Повеќе

ВИДЕО: Силен земјотрес во Грција почуствуван и во Македонија

Претпладнево во 11:16 часот се затресе тлото во Лариса, Грција со јачина од 6,2

Повеќе

Кривични пријави за угостител од Гевгелија и возач од Богданци

Гевгелиски угостител и возач од Богданци добиле кривични пријави од ОВР

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.