Нова 26-та ковид жртва во Гевгелија - Почина 73 годишен пациент

Понеделник, 22 Февруари 2021

Модуларната ковид болница во Гевгелија денеска ја испиша првата ковид жртва во своите простории со смртта на 73 годишен пациент од Гевгелија кој бил овде третиран со дијагноза ковид-19. Се работи за машко лице, жител на Прдејци, општина Гевгелија.
Неговата смрт се регистрираше во билансот на почината од ковид-19 како 26-та ковид жртва од Гевгелија и 34-та во регионот на надлежност на ЦЈЗ Гевгелија и Општа Болница Гевгелија.

Денеска Гевгелија и регионот немаат регистрирано новозаразени од коронавирусот, но затоа пак бележат 5-мина оздравени (3-ца во Гевгелија и 2-ца во општина Богданци).

Изминативе два дена од месец февруари вкупниот број на новопозитивни го надмина бројот на оздравени од ковид, (состојба од почетокот на 2021 г.). Заклучно со денешниот ден, од почетокот на годината до денеска, регистрирани се 165 новоинфицирани со корона, наспроти 130 оздравени. Само во месец јануари состојбата беше во двојна предност на страна на оздравените, со регистрирани 143 новозаразени и 266 оздравени. Со тоа двојната предност на оздравените билдана во текот на месец јануари, во деновите од февруари остана добредојдена само за граѓаните кои ја пребродија болеста, а не станаа фактор за надминување на корона заканата во општински и регионални рамки.

Корона статусот денеска е:
- Гевгелија - 119 активни на корона;
- Богданци - 20 активни на корона; и
- Дојран - 9 активни на корона.

Вкупниот број на хоспитализирани во Модуларната ковид Болница во Гевгелија денеска е зголемен за разлика од вчера и изнесува 10 лица со дијагноза ковид-19.

 

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Кривични пријави за угостител од Гевгелија и возач од Богданци

Гевгелиски угостител и возач од Богданци добиле кривични пријави од ОВР

Повеќе

Пет километарска колона возила кон ГП Богородица

Новиот режим на гранично работење што го најави грчкиот министер за цивилна

Повеќе

Грција ги зајакнува мерките на Евзони и Какавиа

Строгите рестрикации во Грција за спречување на ширењето на коронавирусот се

Повеќе

Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје

Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за

Повеќе

Три кривични пријави за локални возачи

ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за

Повеќе

Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци

Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни

Повеќе

Распишана централна потерница за Сашо Мијалков

Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може

Повеќе

Засадени дрвца во сеќавање на Игор Мицев

Граѓаните на Негорци денеска имаа несекојдневен помен во сеќавање на прерано

Повеќе

ОЈО Гевгелија: 30 дена притвор за вооружен разбојник

Деветнаесет дена по извршениот вооружен грабеж во казино во Богданци

Повеќе

19-годишен гевгеличанец загина во сообраќајна несреќа

Вечерва во 00:50 по полноќ на патниот правец Стар Дојран - Нов Дојран во

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.