Успешен старт на вакцинацијата во Гевгелија

Петок, 02 Април 2021

Во пунктот за вакцинација против ковид отворен денеска во Општа Болница Гевгелија вакцина „АстраЗенека“ примиле 28 граѓани на општина Гевгелија.
Вкупниот број на пријавени за вакцина во првиот ден од официјалниот старт на анти-ковид вакцинацијата во Гевгелија изнесувал 40 лица. Од нив 11 не се јавиле на закажаниот термин денеска, а едно лице било одбиено за вакцинација поради хроничната терапија со „Синтром“ лек кој ја разредува крвта заради превенција од тромб.
Тоа значи дека на секое лице кое ќе биде упатено на вакцинација му се изведува анкета за хроничните болести и терапијата која ја применува за да се утврди неговата здравствена подобност за вакцинација.
Инаку, одзивот на граѓаните кои закажале термин за вакцинирање против ковид-19 во Општа Болница Гевгелија на првиот ден од стартот на имунизацијата против ковид изнесува 72,5%.

Тимот составен од лекар и медицинска сестра задолжени за вакцинирање на граѓаните со вакцина против корона работи секој работен ден од 8:30 до 14:30, освен викенд деновите, во просториите на Дијабет центарот во Општа Болница Гевгелија. Секој еден граѓанин кој ќе добие упат за вакцинирање преку електронскиот систем „Мој термин“ ќе биде примен за вакцинирање со следователно спроведена анкетна постапка од тимот за вакцинирање за утврдување на можните коморбидитети.
Вакцинирањето се спроведува во интервали од 10 минути на секој следен апликант за вакцина, заради придржување на ковид-протоколите за дистанца, односно во овој случај немаат контакт едно лице за вакцинирање со другото лице кое чека за вакцинација.

Потребата од имунизација на населението се поставува како императив за спречување на ширењето на коронавирусот и избегнувањето на смртните последици кое тој ги предизвикува.
Општа Болница Гевгелија располага во моментот со 400 дози вакцини против корона од наменети за возрасните групи население од ризичните категории над 77 години. Секој заинтересиран граѓанин од регионот на надлежност на ОБ Гевгелија, ако е на возраст од над 77 години и веќе се пријавил за вакцинирање против ковид преку системот „Вакцинација.мк“ може да побара од својот матичен лекар да му закаже термин за вакцинирање преку електронскиот систем „Мој термин“ и апликацијата на вакцината да ја реализира во Општа Болница Гевгелија.

Гевгелија денеска на првиот ден од почетокот на имунизацијата во општината и регионот има вкупно 410 активни на вирусот корона, а во регионот на надлежност на Општа Болница Гевгелија (вклучително и општините Богданци и Дојран) вкупниот број на активни случаи на корона изнесува 502 лица.
Вируленцијата на короната е се' понапредна па на ниво на држава активните случаи достигнаа бројка од 20.683 лица.

 

Last modified on Петок, 02 Април 2021 - 21:38

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Сара, Андреј и Љупчо прваци по биологија во Општината, 2 и 3 место на државно

Седмо одделенецот Андреј Димов од ООУ „Крсте Мисирков“ од Гевгелија неделава на

Повеќе

Донесени мерките од 5-от пакет економски мерки за граѓаните и фирмите

Од присутни 114 со 113 гласа „ЗА“ Собранието го донесе Законите за финасиска

Повеќе

Две први и 1 второ место за учениците од ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Он лајн учењето изгледа не им нашкоди на нашите ученици во постигнувањето

Повеќе

Недела на солидарноста во организација на Црвен крст Гевгелија

Црвен крст Гевгелија организира хуманитарна акција во соработка со Црвениот

Повеќе

Донација на Царинска Управа за „Родителската куќа“ на децата болни од карцином

Со традиционална хуамнитарна акција на вработените од Царинската управа, а по

Повеќе

Нова пресуда за Мијалков: 8 години затвор за „Трезор“

Вкупно 28 години затвор за четворица обвинети во случајот „Трезор“ кој се

Повеќе

Камчев останува во Шутка, одлучи Кривичниот Суд

Притворениот Орце Камчев останува зад решетки, во притвор во затворот „Скопје“

Повеќе

Почина Д-р Билјана Ичева

Докторката Билјана Ичева, (1959-2021 г.) вработена во Негорските минерални Бањи

Повеќе

Кривична пријава за гевгелиски угостител

Две кривични пријави за прекршување на здравствените прописи против ковид-19

Повеќе

МВР: Приведени шест лица од криминалната-нарко група

По вчерашната успешна акција на МВР заедно со Американската Агенција за

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.