Корона денеска: 28 новозаразени, 16 оздравени, 1 починат

Среда, 07 Април 2021

Четврти по ред корона ден со смртни последици по здравјето и животот на пациент со дијагноза ковид-19. Жител на општина Гевгелија, на возраст од 76 години денеска ја изгуби битката за своето здравје во костец со короната, како резултат на настанати компликации во органите каде се раширил вирусот и создал подлога за свое опстојување.
Ова е 54-та корона жртва од Гевгелија, 66-та жртва во регионот на надлежност на ЦЈЗ Гевгелија.
Црниот биланс на човечки загуби продолжува веќе четврти ден во Гевгелија. Ова е 8-ма корона жртва за изминатите четири денови во нашата Општина. Здравствените власти и сега и од поодамна апелираа на доследно почитување на анти-ковид мерките за носење заштитна маска, дистанца, не групирање, често миење раце. Налетот на третиот корона бран и замавот на ширење во Гевгелија, Богданци, како и во неколку други општини во државата наметнаа воведување на дополнителни рестрикции на движење за граѓаните и затварање на угостителските објекти, обложувалниците, казината, вежбалните, фитнес центрите.

Денешниот извештај на Институтот за јавно здравје од Скопје носи вести дека епидемиолошкото ширење на вирусот продолжува: денес има регистрирано 28 новозаразени во регионот на надлежност на ЦЈЗ Гевгелија. Нивната територијална разместеност е 24 во Гевгелија, 2 во Богданци и 2 во Дојран (во општински рамки).

Во графата оздравени преминаа 15 до сега позитивни на корона, и тоа 12 од Гевгелија и 3-ца од Богданци.

Моменталниот број на корона активни во регионот на надлежност на ЦЈЗ Гевгелија и Општа Болница Гевгелија е 492 лица, а нивната територијална разместеност по општини е следната:
- Гевгелија 404 активни на ковид-19 (вкупно 1.967 лица до сега заразени од кои 1.509 оздравеле, а регистрирани се 54 смртни исходи од коронавирусот во инфицираните пациенти);
- Богданци има 71 активни на корона во моментот (вкупниот број на досега заразени со корона е 431 граѓанин на општина Богданци, 352 оздравеле, а смртни последици од короната имале 8 лица);
- Дојран во моментот е се 17 активни на корона (вкупниот број на коронаизфицирани до сега изнесува 120 дојранчани, оздравени се 99 а 4-ца завршиле со смртни последици).

Во државата остануваат и понатаму активни вкупно 21.890 лица со дијагноза ковид-19.

 

Last modified on Среда, 07 Април 2021 - 21:12

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Сара, Андреј и Љупчо прваци по биологија во Општината, 2 и 3 место на државно

Седмо одделенецот Андреј Димов од ООУ „Крсте Мисирков“ од Гевгелија неделава на

Повеќе

Донесени мерките од 5-от пакет економски мерки за граѓаните и фирмите

Од присутни 114 со 113 гласа „ЗА“ Собранието го донесе Законите за финасиска

Повеќе

Две први и 1 второ место за учениците од ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Он лајн учењето изгледа не им нашкоди на нашите ученици во постигнувањето

Повеќе

Недела на солидарноста во организација на Црвен крст Гевгелија

Црвен крст Гевгелија организира хуманитарна акција во соработка со Црвениот

Повеќе

Донација на Царинска Управа за „Родителската куќа“ на децата болни од карцином

Со традиционална хуамнитарна акција на вработените од Царинската управа, а по

Повеќе

Нова пресуда за Мијалков: 8 години затвор за „Трезор“

Вкупно 28 години затвор за четворица обвинети во случајот „Трезор“ кој се

Повеќе

Камчев останува во Шутка, одлучи Кривичниот Суд

Притворениот Орце Камчев останува зад решетки, во притвор во затворот „Скопје“

Повеќе

Почина Д-р Билјана Ичева

Докторката Билјана Ичева, (1959-2021 г.) вработена во Негорските минерални Бањи

Повеќе

Кривична пријава за гевгелиски угостител

Две кривични пријави за прекршување на здравствените прописи против ковид-19

Повеќе

МВР: Приведени шест лица од криминалната-нарко група

По вчерашната успешна акција на МВР заедно со Американската Агенција за

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.