Компирот, незаменливиот додаток во речиси секое јадење со месо, може да биде и комплетен оброк за вашата денешна понуда за ручек.
Во светот постојат околу 1.400 видови компир, додека 140 се користат во исхраната на луѓето. Оваа вкусна намирница може да се консумира на безброј начини и е омилена кај децата и возрасните.
Ова е рецепт за полнет печен компир, идеален за ручек.
Потребни состојки:
- 4 поголеми млади компири
- 2 јајца
- 200 мл павлака
- 100 г сирење
- 100 г путер
Начин на подготовка:
Компирите убаво измијте ги, избришете ги и намачкајте ги со масло. Ставете ги да се испечат. Откако ќе бидат испечени, исечете го горниот дел. Извадете го средишниот дел од компирите и ставете го во посебен сад. Додадете ги во садот јајцата, растопениот путер, додајте павлака, сирење и измешајте. Со оваа смеса наполнете ги компирите.
Преку нив ставете неколку тенки парчиња путер и оставете да се печат уште 10 минути.
Послужете ги со салата.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
За 50% поевтинува регистрацијата на возила со странски таблички
Легална регистрација во Македонија со 50 од сто намалени трошоци е новата
Кривична пријава за фалсификаторка на пари
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР – Скопје поднесе
Видео: Стопирани Василичарите во Вевчани
Василичарскиот кaрневал во Вевчани кој поради короната претставува закана по
Нема сурварски огнови
Вака одлучи Општинскиот кризен штаб.
По оптимистичките информации дека мерките
Запрен шверц на лекови на ГП Богородица
Меѓународниот промет на стоки и во време на светска корона пандемија не запре.
За 10 дена санционирани 6.489 возачи
Засилените акциски контроли на сообраќајната полиција низ патиштата во земјава
Најмногу дожд наврна во Гевгелија
Изминатото деноноќие во Гевгелија наврнаа 45 литри воден талог на еден метар
Почина академик Георги Старделов, (1930-2021) роден гевгеличанец
Роден гевгеличанец и поранешен претседател на МАНУ д-р Георги Старделов почина
Министерот Спасовски во посета на ПС Гевгелија
Пo двоиполмесечен тек на градежните работи на објектот на Полициска станица
Приведени танчарки и сопственик во објект во Tетово
Вечерва, недела (10.01.2021 год.) полициски службеници од Одделот за сузбивање