Лесен летен ручек на кој организмот ќе ви биде благодарен
Богатата летна понуда на градинарски производи ќе ви овозможи да подготвите лесен и брз летен ручек, од кој нема да го оптеретите желудникот, а организмот ќе ви биде благодарен. Во предлагаме полнети домати потпечени во рерна.
СОСТОЈКИ:
400 гр домати
100 гр кромид
2 јајца
4 лажица брашно
1 лажица путер
1 лажица млеко
свежо мелен бибер
2 чешниња лук
1 лажица магдонос
мајчина душица
босилек
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Најпрво отсечете го горниот дел од доматите па издлабете вдлабнатина за полнење на филот со лажица.
Загрејте путер, на него пропржете ситно сечкан кромид додека не стане стаклесто сјаен, додајте ситно сечкан лук, па уште кратко динстајте и додајте сечкан магдонос.
Јајцата разматете ги, додајте им брашно, млеко, лажица свежи зачини и бибер. Измешајте ги со подготвениот кромид, лук и магдонос.
Наполнете ги доматите со добиената смеса, поклопете со отсечениот дел и ставете во сад за печење.
По желба можете да ја покриете смесата во доматот со парче сирење, или кашкавал. На дното на садот за печење можете да ставите малку исечени коцки компири, или тркалца шаргарепа, за гарнир при сервирањето.
Печете 35-40 минути на 150 степени.
Пријатен лесен летен ручек. Добар апетиит.