Ако се снабдивте со млад зелен спанаќ од вчерашниот пазарен ден, не чекајте да ве фати мерак за работа. Нека ве фати мерак по овој лесен рецепт со кој ќе ги нагостите домашните со вкусен и хранлив зеленчук богат со железо и витамините А, Ц, Е, Б6, магнезиум, калциум, калиум, фолна киселина и рибофлави. Со еден збор, богатство за човековото тело.
Рецептот се подготвува само за 10-на до 15 минути, превкусен е и е одлично мезе или предјадење.
Состојки за кората:
– 6 лажици исечкан спанаќ,
- 1 прашок за пециво,
- 6 лажици брашно,
- 3 лажици масло,
- 4 јајца.
Состојки за филот:
– 2 варени јајца,
- 150 грама исечкана шунка,
- 150 грама кремасто сирење,
- 1 кисела павлака (150 грама пакување),
- исечкани кисели краставици по желба,
- сол и црн пипер.
Подготовка:
Исчистете го спанаќот од гранчињата, исецкајте го и ставете во сад со вода да омекне малку, потоа исцедете го. Јајцата изматете ги и додадете ги останатите состојки за кората од спанаќ. Брашнотопомешано со прашокот за пециво се додава полека, лажица по лажица додека се мати со рачно со лажица. Го годавате и маслото и промешувате со лажица. Се' добро измешајте и ставете на хартија за печење. Печете 5 до 7 минути на 170 степени. Исклучете и оставете да се излади испеченета кора надвор од рерна покриена со кујнска крпа.
За Филот најпрво ќе го изгмечето кремастото сирење, ќе ги изрендате варените јајца,ситно ќе ја исецкате шунката, мешате со павлаката, ситно исецканите краставички за вкус, и додадате сол и црн пипер. Кората исечете ја на два дела за да направите две ролни ролат со спанаќ. Двете кори исфилувајте ги, потоа свиткајте ги во ролат и оставете ги во фрижидер 1 час пред да посужите.
Нема да одолеете. Добар апетит.