Рецепт за оброк со вкусно изненадување за домашните - Врели, тазе печени панцероти, приготвени и сервирани во топлината на вашиот дом.
Потребни состојки за приготвување на тесто: 400 гр брашно, 2 дл млеко, 1 дл масло, 1 коцка квасец, 1 лажичка шеќер, 1 лажичка сол.
Фил:
- 200 гр шунка,
- 100 гр сланина,
- 200 гр кечап,
- 150 гр кашкавал,
- 100 гр кисели краставички,
- оригано.
Подготовка:
Потопете го квасецот со шеќерот во малку млеко. Замесете го тестото па поделете го на 10 топчиња. Со сукало развлечете го тестото во големина на мала чинија. Ставете кечап во средината, малку оригано, ситно исечкана шунка и рендан кашкавал. Малку сланина и кисели краставички, ако имате во домашниот фрижидер, за поинтензивен вкус на приготвеното.
Преклопете го на половина тестото и краевите притиснете ги со виљушка да се залепат.
Подмачкајте го тавчето, наредете ги панцеротите и ставете ги во рерна загреана на 200 степени, да се печат околу 20 минути.
И, чекајте ги комплиментите од домашните.
Добар апетит.