Ако ви се најават ненадејни гости за дружба со мезе, не се вознемирувајте за времето. Еве ви рецепт кој ќе биде готов за две минути, па ќе имате време и да се подготвите, и да подсредите по дома.
Сусам салатата е долична како мезе, предјадење, или намаз, а се подготвува со тавка леснотија што и помладите во семејството ќе можат да ви помогнат.
Потребни состојки:
- 100g сусам,
- 250g шунка,
- 200 гр кашкавал,
- 400 грама кисела павлака
Подготовка:
Најпрво во тавче без масло, се пропржува сусамот додека не зарумени.
Претходно изрендајте ја шунката и кашкавалот, секој во посебен сад.
Пропржениот сусам се става во поголем сад каде ќе ги додадете сите останати состојќи: ренданата шунка, кашкавалот и павлаката и се’ добро се промешува. Потоа се остава смесата во фрижидер да се излади.
Оваа е лесна и едноставна салата, која нема сезонски рок, бидејќи артиклите за подготовка ги има во секое време. Само треба да имате полн фрижидер за вакви изнанадувања, за гостински најави, или напад на гурмански третман во домашно издание.