Гнездо салата за Велигденската трпеза

Недела, 28 Април 2019

Семејната Велигденскаа трпеза после 40 дневниот пост секогаш е богата за да искаже благосостојба за домаќините и семејната заедница. Ви предлагеме една вкусна салата за да ја украсете велигденската трпеза со симболот на празникот, шарените јајца како симбол на животот, поставени и сервирани како во гнездо.


Потребни состојки:
200 грама сварено пилешко бело месо
200 грама шампињони
1 главица кромид
2 варени јајца
2 кисели краставички
100 гр. мајонез
100 гр. кашкавал
1 китка магдонос
3 јајца од потполошка
1 чаша (од 180 мл) кисела павлака
сол, по вкус
малку масло
2 кесички чипс-стапчиња


Начин на подготовка:
– Исечкајте ги кромидот и печурките и кратко испржете ги на малку масло.

– Сварете го пилешкото месо во солена вода, оставете го да се излади и потоа ситно исечкајте го.

– Во еден сад ставете ги сечканото пилешко месо, мајонезот, ситно сечканите краставички, изренданите варени јајца, изренданиот кашкавал и ситно сечканиот магдонос. Посолете по вкус. Убаво измешајте.

– На чинија ставете ја целата смеса и обликувајте ја како купола. Одозгора ставете ги пропржените печурки со кромид, формирајте ја смесата во облик на гнездо и премачкајте ја со разматена павлака. Одозгора ставете чипс-стапчиња за да наликува како слама и гранчиња од гнездо (како на сликата).

– Најодозгора направете вдлабнатина и наредете листови магдонос. На средина ставете ги трите сварени и излупени јајца од потполошка.


Добар апетит со прилог салатата „гнездо“ за Вашата Велигденска седенка со семејството и пријателите.

 

 

Last modified on Недела, 28 Април 2019 - 15:43

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Грција ги зајакнува мерките на Евзони и Какавиа

Строгите рестрикации во Грција за спречување на ширењето на коронавирусот се

Повеќе

Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје

Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за

Повеќе

Три кривични пријави за локални возачи

ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за

Повеќе

Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци

Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни

Повеќе

Распишана централна потерница за Сашо Мијалков

Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може

Повеќе

Засадени дрвца во сеќавање на Игор Мицев

Граѓаните на Негорци денеска имаа несекојдневен помен во сеќавање на прерано

Повеќе

ОЈО Гевгелија: 30 дена притвор за вооружен разбојник

Деветнаесет дена по извршениот вооружен грабеж во казино во Богданци

Повеќе

19-годишен гевгеличанец загина во сообраќајна несреќа

Вечерва во 00:50 по полноќ на патниот правец Стар Дојран - Нов Дојран во

Повеќе

Кривична пријава до ЈО Гевгелија за фирми кои избегнале плаќање акциза

Една Гевгелиска и една фирма од Тетово заедно со тројца одговорни лица добија

Повеќе

Приведен разбојник од Стојаково

Со ваков наслов МВР известува дека вчера, вторник, 16.02.2021 по извршен

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.