Пица мафини со сирење

Четврток, 16 Јануари 2020

Предлог за појадок или пладневна закуска - вкусни, топли, дома подготвени пица мафини со сирење, шунка и зеленчук. За подготовка ви требаат следните состојки:

115 грама брашно
3/4 лажичка прашок за печиво
180 мл млеко
1 јајце
150 грама мешани сирења (моцарела, пармезан, гауда, или некои други кои ги имате)
120 грама салама или шунка, исечкана на коцки
2 лажици магдонос
250 мл ајвар

Подготовка: Во соодветен сад ставете брашно, јајце, сирењата, сечканата шунка, печиво, црн пипер, млеко и магдонос. Се’ убаво измешајте.
Калапите за мафини намачкајте ги со масло (со четка), па со лажичка ставајте од смесата. Калапите не ги полнете повеќе од 2/3 во висина зошто смесата ќе нарасне при печењето.
Печете во рерна загреана на 200 степени, 15 до 20 минути.

Печените пица мафини извадете ги од рерната, оставете малку во калапот да се изладат. Служете ги топли, или ладни, со ајвар или кисело млеко.
Добар апетит!


Last modified on Четврток, 16 Јануари 2020 - 02:36

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Запленета дрога во вредност од еден милион евра на ГП „Богородица“ и кај

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (06.03.2021) во

Повеќе

Запленет камион со половина тон марихуана на ГП Богородица

Вечерва на Граничниот премин „Богородица“ запленет е камион полн со 500

Повеќе

Почина градежен работник во Гевгелија

Во централното градско подрачје каде се изведуваат градежни работи на просторот

Повеќе

Запленети 200 кг марихуана на граничната линија, приведени две лица

Одделот за криминалистика при ОВР Гевгелија во соработка со специјализирани

Повеќе

Тежок сообраќаен билтен - еден починат, еден тешко повреден

Едно починато и едно лице со тешки телесни повреди, без податоци за настаната

Повеќе

ОКШ Гевгелија бара воведување полициски час

Галопирачкиот раст на новозаболени од корона во Гевгелија и регионот (видно од

Повеќе

Почина Веселинка Поп Гонова

Утрово во Клиника „Жан Митрев“ воСкопје, каде што беше хоспитализирана оваа

Повеќе

Лишени од слобода двајца жители на о. Гевгелија

Прексиноќа пред полноќ, поточно во средата, жител на Мрзенци и жител на

Повеќе

Три последователни потреси во Грција почувствувани и во Гевгелија

Вечерва од 19:38 часот, 19:53 ч. па до 20:25 часот почуствувани се три

Повеќе

Почувствуван земјотрес во Гевгелија

Благо движење на земјата како лулање во правец југ-север-југ вечерва беше

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.