Еве една лесна закуска после празничните трпези. Ако сакате да се одморите од тешки готвења, Ви предлагаме лесен вегетаријански оброк кој ќе Ве засити, а енергетски доволно ќе го закрепне Вашиот организам.
За подготовка на компир салатата со презла и краставица ќе Ви бидат потребни следните артикли:
- 1,5 кг компири
- 200 грама презла
- малку кари
- сол и црн пипер
- сушен кромид (го има пакуван по маркетите)
- малку копар (ќе го најдете на пазарче), или ако не употребете магданос
- 4 чешниња лук
- 2 краставици нелупени
- маслиново масло и балсамико оцет (или каков имате).
Начин на подготовка:
Најпрво ги лупите компирите и ги сечкате на четвртинки, по еден засек долж и попреку. Ги ставате парчињата во тенџере каде додавате сол, кари и црн бибер и тајната состојка на овој рецепт сушен и мелен кромид. Залевате со малку маслиново масло и промешувате.
Следното што треба да го направите е секоја четвртина да ја провалкате во презла и ја редите во тавче за печење, со врвовите нагоре.
Додавате 4 чешниња лук, само згмечени, колку да се добие арома во тавата за печење.
Претходно сте ја подгреале рерната на 200 степени и го ставате плехот со компирчињата да се печат околу 40 минути.
Во меѓувреме, земете 2 краставици, се мијат добро, бидејќи се користат нелупени. Ги сечете по должина, а со лажичка се вади средниот, мекиот дел од краставицата. Се сечат помали парченца кои имаат форма на полумесечинки. Краставицата се става во длабок сад каде се зачинува со малку копар, сол и црн пипер. Се додава и малку маслиново масло и балсамико оцет.
Пробајте, нема да можете да им одолеете на компирчињата и богатата арома од додатоците.