Топ Новости
Навалица на рибари во Дојран - Вторник, 18 Февруари 2020 11:27

Гевгеличанката Ана Брзанова со награда TMW 2020

Сабота, 25 Јануари 2020

Младата 19 годишна манекенка од Гевгелија, Ана Брзанова вечерва на финалниот избор од манифестацијата „Top Model of the World 2020“ што се одржа во престижниот туристички центар Хургада во Египет меѓу силната светска конкуренција се закити со меѓународна награда. Ана стана носител на титулата „Топ модел во светот со најдобра вечерна тоалета 2020“. Заедно со титулата, од организаторот на TMW 2020, Ана добива како награда учество на „Marbella fashion week“ што се одржува годинава во Шпанија.

Темно вишновиот чипкаст фустан со кој Ана се појави на пистата пред публиката и стручното жири е креација на Модната куќа „НАНА“ од Скопје, а исто така нивна креација се и останатите тоалети, коктел фустани и кежуал парчиња гардероба со кои нашата македонска претставничка продефилира на модната писта на светските ТОП модели.

За нејзиниот успех зборува 26 годишната традиција на оваа светска манифестација на која Ана со својата појава и награда и' стави печат на Манифестацијата и ја репрезентираше убавината на Македонија и модните дизајнери.

Манифестацијата „Top Model of the World“ е основана во 1993 од страна на групацијата WBO и е најголемиот и најпрестижен меѓународен натпревар за моделирање во светот. Финалниот избор на најдобриот Топ модел во светот се одвива на престижни и модерни места низ целиот свет, а претходните настани се одржаа во градовите Шангај, Берлин, Мајами и Хургада.
Од 1993 година, илјадници кандидати од 50 земји учествуваа на овој гламурозен натпревар за моделирање што е совршена платформа, не само за кариера во моделирање, туку и за светската сцена. Годинава конкуренцијата ја сочинуваа 45 претставнички од исто толку земји од светот.

Поддршка на Ана годинава и' беше присуството на националниот директор на TMW за Македонија Роберт Граматиков кој пред настапот и' ја испорача следната порака за среќа:

Last modified on Сабота, 25 Јануари 2020 - 12:45

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Нов дворед и тротоар до Градскиот пазар во Гевгелија

Со почетокот на уредувањето на тротоарите од двете страни на улицата „Миле

Повеќе

Се крчкаат кандидационите партиски листи за Парламентарните избори 2020

Заклучно до 12 март, на 30 дена од одржуавњето на закажаните вонредни

Повеќе

Задушница - гевгеличани во сеќавање на упокоените ги посетија вечните

Гевгелиските гробишта денеска беа преполни од посетители и роднини кои палеа

Повеќе

Оставка на директорот на Средното училиште во Гевгелија

Директор на СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија, Цветан Неловски денеска

Повеќе

Меѓународна Мировна награда за Заев и Ципрас

За својата дипломатска умешност во спорот околу името Македонија, бившите

Повеќе

Забрана за сообраќај на патот Струмица - Валандово

Поради сообраќајна несреќа која се задеси околу 10 часот утринава, патниот

Повеќе

24 часовен штрајк во Грција го запре граничниот промет

Синдикатот на вработените во јавниот сектор во Грција (АДЕДИ) од утрово започна

Повеќе

Навалица на рибари во Дојран

Чамци, рибари, трски за риболов, тоа е континуирана слика сезонава на брегот и

Повеќе

Лишени од слобода тројца посетители на „Бел рај“ кај Миравци

Тројца средновечни граѓани на возраст од 38 до 40 години синоќа на 15 минути

Повеќе

Собранието се распушти

Со 108 гласови „ЗА“ и ниту еден против или воздржан денеска во 17:00 часот

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.