Актерка која редовно привлекува внимание со својата појава и карактеристичен моден стил, е британската оскаровка Тилда Свинтон. За отварањето на “Берлинскиот филмски фестивал“ таа избра нималку изненадувачки комплет-одело со машки крој, но ги занемарила високите потпетици, кои имаат статусен трофеј кна карта за црвениот тепих. Одважно, сигурно и сосема комотно прошета преб публиката и фоторепортерите со равни кожни јапанки, украсени со ресици во пердувесто издание.
Ваквата храброст да им пркоси на правилата на црвениот тепих, ја претвараат оваа филмска икона во дефинитивно една од најинтересните појави на црвениот тепих. Според многумина, таа е икона која не се плаши од футуристички креации на младите дизајнери и минималистичкиот стил со кој го нагласува својот андроген изглед, опишан преку ладното лице без шминка и коса со платинасто залижани прамени. На тој начин редовно е победник во изборо на фотографите за лице кое било “појава на настанот“ и со самото тоа самата станала настан.
При изборот на својата појава за 64-то издание на Берлинскиот филмски фестивал, оскаровката Тилда Свинтон се определи за елегантен црн костум усогласен со машкиот актерски тим од филмот на режисерот Вес Андерсон, “Гранд Хотел Будимпешта“. Ова модно издание, со своите драматични и волуминозни кроеви, по кои Тилда најчесто посегнува при своите филмски презентации, не беше некое изненадување за публиката и фоторепортерите, така што изборот на обувките дефинитивно го надоместија впечатокот на најзанимлива појава на црвениот тепих, со обувки какви што овој тепих никогаш не видел досега.