Успеси на Фондацијата Аполонија во 2013 година

Петок, 24 Јануари 2014

Крајот на годината е секогаш прилика да се сумираат резултатите од своето работење. Во својот годишен извештај Фондацијата „Аполонија“ ги сумира остварувањата во општествено полезните активности за заедницата, како на полето на хуманоста, културата, спортот и други активности поддржани од Фондацијата

Крајот на годината е секогаш прилика да се сумираат резултатите од своето работење. Во својот годишен извештај Фондацијата „Аполонија“ ги сумира остварувањата во општествено полезните активности за заедницата, како на полето на хуманоста, културата, спортот и други активности поддржани од Фондацијата.

Водејќи се од верувањето дека квалитетот на животот се подобрува преку учеството во сите видови уметности, во 2013 година Фондација „Аполонија“ поддржа целосна програма на културни настани во Гевгелија: Организирање на 12-та традиционална меѓународна ликовна колонија АПОЛОНИЈА 2013, во која учествуваа ликовни дејци од Македонија, Србија и Бугарија; меѓународна ликовна колонија „Остен“ - Светска галерија на цртеж - биенале на наградени автори; Целосна организација на културната манифестација “Гевгелиски музички моменти 2013” со изведба на 13 концерти на класична музика - поддржано од Министесртвото за кутура; успешно организирање на 6 ликовни изложби во хотелот „Аполонија“; По трет пат домаќин и спонзор на тридневен меѓународен натпревар за млади пијанисти од Европа “Гевгелија 2013“; Домаќин на традиционалната туристичко-гастрономска изложба на алтернативни форми за развој на туризмот, во организација на Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип; Организирање на две културни манифестации и две промоции на книги; Дадена донација за печатење на две книги; Дадена донација за хорот „Гортинија“ од Гевгелија.

Од областа заштита на човековата околина, покрај континуираното спроведување на програмата за образование на деца „Ден со природата“ во 2013, со еко одборите на основните училишта во Гевгелија, беше организирано и Еко Дефиле со мото „Наша планета, наша иднина“. Исто така беше одржана втората годишна конференција за управување со отпад, заедно со НВО “Ајде Македонија“ и Работната група на Мировниот Корпус за животна средина. Од обласата здравство продолживме во крводарителските акции два пати годишно во склоп на
проектот „Аполонија - Ден на крводарување“.

Од областа образование имавме креативни работилници со деца; започнавме соработка со ЗЕДМ „Сложувалка“; организирање на бесплатни часови за конверзација на Англиски Јазик.
Како дел од програмата „Дејвид ВанДерВеге - социјализација на децата со посебни потреби“, Фондацијата Аполонија во 2013 година работеше напоредно на повеќе активности, вклучувајќи: работа со децата низ сензорна интеграција во Сензорната соба во ООУ „Владо Кантарџиев“; вклучување на децата со посебни потреби заедно со деца со типичен развој во проектот „Ден со природата“; средби со родители, состаноци и консултации со стручните луѓе и
институции кои работат со деца со посебни потреби; подготовка на апликации за грантови и проекти за проширување на оваа програма.

Добиени два гранта од странски донатори: 1.000 долари од Американската организација „Пријатели на Македонија“ за арт терапија со глина за деца со посебни потреби и 2.930 долари од USAID - SPA програмата за подршка на мали проекти достапни преку волонтерите на Мировниот Корпус, за волонтерски центар за млади во Гевгелија. За да ја поттикнеме вклученоста на локалното население во проектите на Фондацијата организиравме и два поголеми добротворни настани, кои се одржаа пред најголемите христијански празници од кои собравме финансиски средства во износ од 44.871 денари - уплатени на наменската сметка за проектот „Дејвид ВанДерВеге“ и кои ќе бидат наменети за потребите на децата со посебни потреби во Гевгелија.

 

Last modified on Петок, 24 Јануари 2014 - 02:25

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Инфраструктурно улично подобрување во Прдејци

По дводневна акција денеска заврши бетонирањето на уличен крак во населеното

Повеќе

Дезинфекција на јавните површини во Гевгелија

По налог на Општинскиот штаб за заштита и спасување денеска започна да се

Повеќе

Донација од 40.000 евра од Групацијата „Новоматик“ за Општа Болница Гевгелија

Еден месец по официјалната најава на својата одлука да донираат 200.000 евра

Повеќе

Јавното обвинителство отвори предмет против митрополитот Агатангел

Основното јавно обвинителство Велес отвори предмет по допрен глас по објавите

Повеќе

Трета акција за уништување на комарците во Гевгелија и ЈИ регион

По извршени две последователни лаврицидни прскања против комарци на места

Повеќе

Започна ревитализацијата на патот Богородица-Стојаково

Градежната оператива на „ЖИКОЛ“ ДООЕЛ Струмица од денеска е на терен со

Повеќе

Владата донесе забрана за одење на гробишта викендов на цела територија

Во петок е задушница, а во недела Духов ден. Во пресрет на овие народни

Повеќе

МВР против МВР на „Боемска“ – СВР и ЕБР ги чекаат снимките од камерите

Пазарната полиција не можеше да влезе во угостителскиот објект на улица

Повеќе

Во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија

Околу шеесетина полицајци кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради

Повеќе

Шести ден протести во САД кои зафатија 25 држави

Смртта на George Floyd од рацете на полицијата во Минеаполис предизвика широки

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.